Елизабет Конабер
Елизабет (Бети) Вивиен Конабер (родена на 3 јуни 1929 година, починала на 29 октомври 2009 година) - австралиска ботаничка уметничка, писателка и конзерваторка.[1] Конабер обезбедила слики и илустрации на растенија за публикации и серии поштенски марки. Ги изложувала своите дела во галериите низ нејзината матична држава Викторија, Австралија. Меѓу нејзините дела се „Диви цвеќиња од југоисточна Австралија “ (1974) и „Дневникот на една австралиска селанка“ (1986). Конабер била активна и во институциите за заштита.[1][2]
Ран живот
[уреди | уреди извор]Конабер била родена во Александра, Викторија во семејството на Филис Болдинг, англиска медицинска сестра и Перси Болдинг, фармацевт. Таа пораснала во Менсфилд, Викторија. Конабер поминала обука за уметност и моден дизајн во Мелбурн. Во раните 1950-ти години, таа била во брак со Роли Конабер, и имале еден син. Тој брак завршил во 1960 година. Конабер, потоа се вратила во Менсфилд, Викторија, каде што купила куќа и живеела до нејзината смрт на 29 октомври 2009 година.[1][2][3]
Кариера
[уреди | уреди извор]Во 1960-тите години, Конабер почнала да слика. Националниот хербариум на Викторија во 1965 година ѝ нарачал серија од 50 илустрации на алпски растенија. Во 1969 година, Конабер била одбрана да работи на една книга, која потоа станала двотомно издание со наслов Диви цвеќиња од Југоисточна Австралија. Конабер во неа, илустрирала 384 слики од диви цвеќиња за книгата, кои формирале 80 страни. Објавена била во 1974 година, а текстот го обезбедил австралискиот ботаничар Џон Рослин Гарнет.[1][2][3] Во раните 1970-ти, Конабер поминала многу време во домот на австралискиот ботаничар Жан Галбрајт, каде што, сликала цвеќиња за нејзината книга.[4]
Конабее насликала серија од она што таа го нарекла „Убави штетни плевели“ за Одделот за викторијански земји, кои беа изложени низ галериите во Викторија во 1970-тите и кои беа вклучени во Атласот на Викторија од 1986 година.[2] Комплетот акварели сега е сместен во Кралската ботаничка градина Викторија.[5] Конабер, исто така, илустрираше три серии на поштенски марки за австралиската пошта, од рози, еукалиптус и диви цвеќиња.[1][3]
Во 1986 година била објавен „Дневникот на една австралиска селанка“, напишан и илустриран од Конабер, во кој таа исто така го изразила своето противење на уништувањето на животната средина.[2]
Конабер била основач на Здружението на уметници од дивиот свет, каде што исто така изложувала. Таа исто така беше вклучена во Советот за заштита на Викторија и Австралиската фондација за заштита на природата.[2][3]
Библиографија
[уреди | уреди извор]- Конабер, Елизабет.; Гранет, Џ. Рос. (1974): Диви цвеќиња на Југоисточна Австралија . Мелбурн : Нелсон.
- Конабер, Елизабет (1986): Дневникот на една австралиска селска жена . Сидеј : Колинс.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Conabere, Elizabeth Vivienne (1929 - 2009)“. Australian National Herbarium. Посетено на 24 January 2021.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 McKenzie, Janet. „Acclaimed botanical artist“. The Sydney Morning Herald. Посетено на 24 January 2021.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Tyrrell, Katherine. „Notable 20th & 21st century Botanical Artists of the past“. Botanical Art & Artists. Посетено на 24 January 2021.
- ↑ Robin, Libby (October 2014). „Jean Galbraith and friends: A shared passion for nature“. reCollections. 9 (2). Посетено на 24 January 2021.
- ↑ Talking Plants. „Beautiful Noxious Weeds“. Talking Plants. Посетено на 24 January 2021.