Екс-Мен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Екс-Mен (англиски: X-Men) е тим на измислени суперхерои што се појавуваат во Американските стрипови објавени од страна на Марвел. Креирани од писателот Стен Ли и уметникот/ко-писател Џек Кирби, ликовите првпат се појавуваат во X-Men #1 (септември 1963). Тие се меѓу најпрепознатливите стрипови на Марвел, се појавуваат во бројни книги, телевизиски емисии, филмови и видео игри.

Екс-мен се група на мутанти, вид на луѓе кои што се родени со натприродни моќи. Екс-мен се борат за мир и еднаквост меѓу нормалните луѓе и мутантите. Тие се предводени од Чарлес Ексевиер, исто така познат и како Професор Екс, моќен телепат кој што може да контролира и чита умови. Нивниот главен непријател е Магнето, моќен мутант кој што може да контролира магнетички полиња. Професор Екс и Магнето имаат различни мислења и филозофии за врската меѓу луѓето и мутантите. Додека Професорот Ек се бори за  мир и разбирање меѓу мутнтите и луѓето, Магнето ги гледа луѓето како закана и верува дека треба со агресја да се справат со нив.