Икс-мен

Од Википедија — слободната енциклопедија

Икс-мен (англиски: X-Men) — тим на измислени суперхерои што се појавуваат во Американските стрипови објавени од страна на Марвел. Создадени од писателот Стен Ли и уметникот/ко-писател Џек Кирби, ликовите првпат се појавуваат во X-Men #1 (септември 1963). Тие се меѓу најпрепознатливите стрипови на Марвел, се појавуваат во бројни книги, телевизиски емисии, филмови и видео игри.

Икс-мен се група на мутанти, вид на луѓе коишто се родени со натприродни моќи. Икс-мен се борат за мир и еднаквост меѓу нормалните луѓе и мутантите. Тие се предводени од Чарлес Ексевиер, исто така познат и како Професор Икс, моќен телепат којшто може да контролира и чита умови. Нивниот главен непријател е Магнето, моќен мутант којшто може да контролира магнетички полиња. Професор Икс и Магнето имаат различни мислења и филозофии за врската меѓу луѓето и мутантите. Додека Професорот Ек се бори за  мир и разбирање меѓу мутнтите и луѓето, Магнето ги гледа луѓето како закана и верува дека треба со агресја да се справат со нив.