Прејди на содржината

Европска федерација на здруженија на студенти по психологија (EFPSA)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Европската федерација на здруженија на студенти по психологија (EFPSA) — непрофитабилна, невладина студентска организација која е составена од здруженија на студенти по психологија од Европа. EFPSA моментално е составена од 33 здруженија-членки и две здруженија под надзор и секое од нив има член-претставник, а сите членови претставници го формираат легислативното тело на Федерацијата. Федерацијата функционира преку работата на членовите претставници (MR), Извршниот одбор (EB) и Управниот Одбор (BM). EFPSA им нуди на студентите по психологија различни можности за професионален и личен развој преку своите настани. Дополнително, EFPSA има цел да влијае позитивно врз општеството преку различни кампањи претставувајќи ги интересите и потребите на студентите по психологија на европско ниво.

Историја

[уреди | уреди извор]

EFPSA е основана во април, 1987 година на Универѕитетот во Лисабон, Португалија каде биле поканети студенти по психологија од цела Европа. Студенти од осум земји во Европа ја основале Европската Федерација на Здруженија на студенти по психологија.

Основните нацрти ѕа Федерацијата биле трансформирани во формални Статути за време на втората средба во Лиеж, Белгија во април 1988 година. Истовремено, EFPSA го отпочнува својот прв проект: базата на податоци EUROPSYCHE за образование и размена. Во јануари 1989 година, EFPSA е регистрирана како интернационална организација според белгискиот закон.

За време на третото Генерално Собрание во април 1989 година во Лунд, Шведска, Федерацијата ја развива почетната структура со првиот состанок на Управниот Одбор одржан првпат таа година.

Во јули 1991 година, EFPSA почнува соработка со Европската Федерација на Здруженија на Психолози (EFPA) во Амстердам, Холандија, а во 2001 година EFPSA станува официјален афилијативен член на EFPA.

По учеството на EFPSA во првата Европска Конференција на Студенти (која собра 500 студенти од различни области во Лиеж (Белгија) во ноември 1990 година, биле остварени голем број контакти, особено со источноевропските земји. За време на петтото Генерално Собрание во април 1991 година во Женева (Швајцарија) EFPSA се шири на 11 земји членки и била примена првата делегација од Источна Европа. Истата година се раѓа идејата за формирање работни групи „task forces" што ќе овозможи поголема ефикасност во работата на проекти како Erasmus, EUROPSYCHO итн. Низ текот на годините кои водеа до новиот милениум EFPSA органзира се' повеќе настани како Европската Летна Школа, семинари и секако, годишниот Конгрес.

Во 2006 EFPSA го развива својот Корпоративен Визуелен Идентитет и станува препознатлива по своето претставително лого и портокалова боја.

Мисија, Визија и Вредности

[уреди | уреди извор]

Мисијата на EFPSA е да ги здружи студентите на европско ниво за да ги збогати нивниот концепт и примената на психологијата, како и да го поддржи нивниот развој на вештини со цел да придонесе во подобрување на полето; да има позитивно влијание врз општеството и перцепцијата за психологијата; да ги поддржи научната и социјалната интеракција и културната размена помеѓу студентите по психологија, академците и професионалците.

Ова се применува преку постојан развој на услуги, настани и квалитетната интеракција помеѓу студентите по психологија во Европа и нивните национални, регионални и локални здруженија и преку создавање поддржувачка околина за психологијата како професионална и научна област во Европа.

Визијата на EFPSA е да се создаде општество со психолошка свесност во кое мисконцепциите кои не опкружуваат ќе се намалат со цел да се зголеми општата добросостојба; да овозможи услуги и настани кои sсе во склад со потребите на студентите по психологија за професионален развој и да се постигне меѓусебна поврзаност низ цела Европа.

Вредности

[уреди | уреди извор]

Поврзаност: Како организација, да биде поврзана интерно и екстерно, во рамките на работнана заедница и со организации кои делат слични мисија и вредности. Јасност: Да има интегрален, кохерентен и доследен пристап до сите аспекти на своите дејности. Различност: Да се прифатат сите различности и да се почитуваат и прифатат како вредни квалитети. Цврстина: Да се има храброст при тешки и непредвидени околности.

Структура на EFPSA

[уреди | уреди извор]

Структурата на ЕФПСА била развиена на третото генерално собрание во април 1989 во Лунд, Шведска. Во тоа време членови на Почесниот Одбор ги покривале и функциите кои денес ги извршуваат Членовите Претставници. Тогаш немало позиции на Управниот Одбор, постоел само претседател. Оттогаш ЕФПСА се прошири и мораше да имплементира некои значајни структурни промени, создавајки нова форма на Извршен Одбор во 2003 и концептот на Членови Претставници од сите земји. Овие измени го формираа новото одлучувачко тело од секоја од асоцијациите кои беа членови на ЕФПСА. Исто така Управниот Одбор како посебен орган во Извршниот Одбор бил формиран поради потребата од водство во донесувањето стратешки одлуки како и набљудување на ефикасноста на целата организација.

ЕФПСА моментално организира 11 годишни насѕани и еден настан кој се организира на секои две години. Годишни настани се Конгресот, европското летно училиште, ЕФПСА академија, Тренирај ги тренерите, ЕФПСА ден како и состаноци на извршниот одбор. Конференцијата е настан кој се организира на секои две години.

Годишен Конгрес

[уреди | уреди извор]

Конгресот на ЕФПСА е еднонеделен настан кој прибира над 350 студенти на психологија, академци и истражувачи од цела Европа. КОнгресот се одржува најчесто помеѓу Април и мај е составен од разни научни програми кои истражуваат определени теми секоја година со придонес од студенти, истражувачи и искусни академци, како и социјална програма која им овозможува на учесниците културна и социјална размена. Па така конгресот е уникатна можност за студенти на прихологија да ги прошират своите научни и лични видици. Додатно, конгресот е многу важен настан за федерацијата со тоа што овој настан го означува новиот мандат членовите претставници на извршниот одбор. Членовите на Извршниот Одбор и Управниот Одбор се бираат на конгресот по кој тие веднаш ги преземаат своите должности и почнуваат да ги развиваат нивните проекти во текот на неделата. Секога година земјата домаќин се менува. До денес се одржале 32 конгреси кои биле организирани во 25 различни држави. 33тиот конгрес ќе биде одржан во Данска во 2019.

Историја на одржани конгреси

[уреди | уреди извор]
1987 Лисабон, Португалија 1997 Јурмала, Латвија 2007 Турку, Финска
1988 Лиж, Белгија 1998 Скофја Лока, Словенија 2008 Тушчијалиу, Литваинија
1989 Лунд, Шведска 1999 Троја, Португалија 2009 Алтеининген, Германија
1990 Лион, Франција 2000 Јанеда, Естонија 2010 Барлу, Холандија
1991 Женева, Швајцарија 2001 Будимпешта, Унгарија 2011 Боровице, Полска
1992 Берген, Норвешка 2002 Аванос, Турција 2012 Лоланд, Данска
1993 Амстердам, Холандија 2003 Порто, Португалија 2013 Измир, Турција
1994 Ланкастер, Велика Британија 2004 Копаоник, Србија 2014 Беил Феликс, Романија
1995 Пула, Хрватска 2005 Мадрдид, Шпанија 2015 Срни, Чешка 2017 Гаку, Азербејџан
1996 Jyväskylä, Финска 2006 Сплиндерлев Млин, Чешка 2016 Вимеиро, Португалија 2018 Чиркева, Малта

Европска Летна Школа

[уреди | уреди извор]

Првата европска летна школа се одржа во Лее, Естонија во 2007 година.[1] Темата беше "Крос-културна психологија" проследена со европски летни школи кои покриваат различни теми секоја наредна година. За време на овој седумдневен настан студентите се впуштаат во програма за интеркултурно истражување каде што имаат можност да се приклучат на еден од шесте истражувачки проекти предводени од доктор на науки во планирањето и спроведувањето на 12-месечното истражување. Освен тоа, програмата е збогатена со различни предавања од професионалци од релевантни области на психологијата. Секоја година, сите предавања и истражувања се поставени на одредена тема, избрана да одразува некоја сфера од современата психологија. Од 2011 година, сите учесници во ЕЛШ кои ја завршија програмата за обука и се обврзаа на истражувачкиот проект, беа поканети да се приклучат на Програмата за млади истражувачи, проширувајќи ја Европската летна школа од еднонеделен настан во целосно структуирана 12-месечна програма за истражување.

ЕФПСА ден е промотивен настан кој се одвива низ цела Европа на почетокот на Декември.[2] Првиот ЕФПСА ден се одржа во 2010 година. Целта на овој еднодневен настан е да се промовира ЕФПСА низ цела Европа. Презентации, работилници и други активности поврзани со ЕФПСА се одржуваат во повеќе универзитети во ист ден со цел да запознаеме што повеќе студенти со ЕФПСА.

Тренирајќи ги тренерите

[уреди | уреди извор]

Во 2010 се одржа првиот настан летно училиште во Австрија.[3] Се работи за редовен неделен настан кој вклучува експериментална и неформална едукација со цел да овозможи 12 учесници да имаат увид во голем спектар на вештини и знаење за да пренесат тренинг информации. Откако ќе завршат со обуката учесниците може да бидат поканети да се придружат на ЕФПСА тренерите.

Тренинг за искусните тренери

[уреди | уреди извор]

Напредното тренирање е осум дневен настан кој се одржува во март. Овој е единствениот ЕФПСА настан кој е отворен на студенти кои не студираат психологија. Тој е дизајниран за до 25 искусни тренери од разни невладини организации и овозможува понатамошен развој на вештини од одредена област.

EFPSA академија

[уреди | уреди извор]

ЕФПСА академијата има за цел да ги спои повеќе волонтери на Европски невладини организации да се развиваат професионално, да основаат мрежи, развијаат мотивација и споделат искуства при тоа опремувајќи ги со сет од вештини и знаење од специфична клучна тематика. Академијата трае три дена во град кој е лесно достапен од повеќе места. За време на академијата учесниците добиваат тренинг сесии од висок квалитет, добиваат можност да учествуваат во работилници зададени од експерти на областа и можност за употреба на своите вештини на директни примери и предизвици од секојдневниот живот.

Состанок на тренерите

[уреди | уреди извор]

Состанок на тренерите е тродневен или четвородневен нискобуџетен настан со цел за едукација на тренери организиран од ЕФПСА тренери. Целта на овој настан е да се обединат младинските тренери од невладините организации да го споделат своето знаење и искуство и да ги развијат своите вештини. Настанот е ориентиран околу една тема поврзана со тренирањето која е доловена од експерт за тренинг. Учесниците се тренери од разни организации и тие одржуваат тренинг меѓусевно на теми поврзани со главната тема на настанот.

Конференција на тренери

[уреди | уреди извор]

Конференцијата на тренери е настан наменер да ги собесе сите ЕФПСА тренери за да дискутираат неколку тематики во однос на светот на тренирањето во ЕФПСА и општо. Бројот на учесници, времетраењето и тајмингот на настанот се флексибилни и може да се менуваат секој мандат. Обично има Отворен тренинг ден каде учесниците имаат можност да извржат тренинзи во најблискиот универзитет.

Заедничка средба на Извршниот Одбор и Членовите претставници

[уреди | уреди извор]

Годишниот состанок на Извршниот одбор и Членовите претставници се одржува секоја есен и е посетен од лицата кои се активни членови во работната заедница на ЕФПСА. Оваа средба е важна затоа што состаноците во текот на годината се одржуваат он-лајн, па така во текот на оваа недела тимовите имаат состаноци и напорно работат. Затоа што се случува на средина од истекот на мандатот, овој состанок им овозможува на членовите на работната заедница да го оценат дотогашниот тек на работите и да ги планираат идните активности.

ЕFPSA конференција

[уреди | уреди извор]

ЕФПСА конференцијата првпат се одржа во Амстердам, Холандија во 2013. Тоа е билениален настан и става посебен акцент на научната прграма. Зближува околу 150 студенти од цела европа на 4 дена на предавања, работилници и студентски презентации. За нејзиното времетраење има отворен ден кој се состои од 30 студенти од државата домаќин кои присуствуваат на конференцијата за еден ден да се стекнат со можност да учат и учествуваат во лекциите и да работат со учесниците.

I и II Состанок на Управниот Одбор

[уреди | уреди извор]

Состанокот на Управниот Одбор е фундаментална компонента на ЕФПСА администрацијата и работните активности за оцена на работата на Федерацијата, развој на идеи за да се дефинира работењето и да се придонесе во подобрувањето на ЕФПСА. Местото на настанот се одлучува секоја година од Управниот Одбор. Работната програма вклучува активности за анализа на федерацијата, пленарни сесии на ЕФПСА, нејзината мисија, визија,вредности, настани, услуги, проектна работа и сесии за дискусија.

ЕФПСА им овозможува на студентите палета на услуги за истражувачка наука и тренинг на вештини за процесот на патување и студирање во странство. Помеѓу другите услуги се и:[4][5][6]

  • Журнал на европски студенти на психологија
  • Јуниорска истражувачка програма
  • Студирање и патување во странство
  • Канцеларија за тренинг
  • Иницијатива за социјално влијание

Списание на Европските Студенти по Психологија

[уреди | уреди извор]

Списанието на европски студенти на психологија е [[ревидиран од колегиѓѓ и е од отворен тип академско списание кој го водат само студенти покривајки аспекти на психологија издадени од ЕФПСА [7][8] и Ubiquity press од 2009.[9]. Тој дава легитимна можност за студенти на психологија да изработаљт нивните тези или истражување во интернационален спектар. Публикациите треба да бидат засновани на истражувања извршени од бурцоши или мастер студенти кои може да бидат и надвор од Европа. Автори на тие публикации ќе добиат професионални повратни информации и помош за развој на нивната научна публикација.[10] Артиклите се селектирани врз основа на квалитетот на истражувањата.[11] Артиклите се индексиратни во ЕБСЦО хост.[11] Од 2016 журналот ги охрабрува студентите да поднесат регистрирани пријави.[12] Тимот на списанието исто така води и блог, JEPS bulletin, кој се издава од Ноември 2010 на разни проблеми релевантни за студенти на психологија.

Студирање и учење во странство

[уреди | уреди извор]

Студирањето во странство се основа во раните 90-ти години, кога започна како проект под името "Како да студирате во странство", а подоцна и како "Студија и работа во странство" (SWA). Од 2005 година Службата се фокусира на "Студирање во странство" (SA) и сега може да се најде преку главното мрежно место каде може да се најдат информации, совети и искуства. Од 2015 година, Патната мрежа и услугите за студирање во странство се споени во Службата за студирање и патување во странство, која продолжува многу со истите визии, мисии и вредности како претходниците. Во 2016 година, член одговорен за студентска размена стана дел од тимот, отворајќи им можност на земјите-членки да добијат поддршка од EFPSA во организирањето на нивните меѓународни размени со други здруженија на студенти по психологија и студенти од други здравствени дисциплини. Работната група за практикантска работа беше лансирана во мандатот 2015-2016 и беше проширена за мандатот 2016-2017 со цел да изгради стратегија, која ќе работи на развивање на платформа за практикантска работа за EFPSA. Тимот утврди бројни цели за работната група за практикантска работа. Тие требаше да ги претстават можностите за стажирање што студентите ги бараат, да воспостават база на податоци со контакти на можни партнерства кои би можеле да обезбедат можности за стажирање, да направат првичен контакт со собраните контакти со цел да се воспостават овие партнерства и да се изгради цврста основа за следниот мандат. Работата сега е предадена на член одговорен за практиканство, во рамките на Службата за студирање и патување во странство, по одобрувањето на позицијата за време на Генералното собрание одржано на 31 конгрес на EFPSA во Гаку, Азербејџан во 2017 година. Првата можност за стажирање беше понудена на студенти на психологија во август 2017 година.

Подготовките за студирање во странство понекогаш може да бидат предизвик, но службата на EFPSA за студирање и патување во странство нуди корисни упатства и информации за сите градови и универзитети на земјите-членки / регионите на EFPSA со можност да студираат психологија. Исто така, постојат информации за системот на високо образование во секоја земја, трошоците за школување и за живот, меѓу другите информации. Дополнително, постои мрежа за т.н. „сурфање од кревет“, која исто така дава совети за патување во земји / региони каде што се организираат настани на EFPSA. Додека им нуди на студентите место за спиење во вашиот дом, сите студенти од Европа ќе ве пречекаат да останете со нив и да ги откриете нивните градови. Ова е можност да се доживеат различни култури, јазици и храна на посебен и достапен начин.

Канцеларија за тренинг

[уреди | уреди извор]

Канцеларијата за тренинг била воведена во федерацијата во 2010 со одржувањето на првото „Тренирај ги тренерите“ летно школо кое се одржало во Австрија во август 2010. На конгресот во 2011 првата генерација на тренери веќе одржуваше сесии на членовите претставници(MR) и Извршниот Одбор. Тренинг канцеларијата ја менаџира агендата за тренинг во ЕФПСА. Специфично, тие ги набљудуваат програмите на тренинг настаните кои ЕФПСА ги одржува, имено тренирај ги тренерите летното школо и школото за тренинг на напредни тренери; го поддржува и овоможува развојот на групи на тренери во ЕФПСА тренирачкиот базен, ја претставува ЕФПСА на надворешните тренинг настани и подготвува и дизајнира сесии за внатрешни состаноци на ЕФПСА како сесии за тим билдинг и тренинзи за водство меѓу останатото.

Тим за иницијатива за социјално влијание

[уреди | уреди извор]

Тимот на иницијативата за социјално влијание работи на четири главни проекти во склоп на федерацијата: Mind the Mind- “Борба против стигмата за ментални нарушувања”( Мtm) кампањата, кампањата подобри заедно "Better together" и организирани акти на добрина "Organized act of kindness" кампањата. Во склоп на Mtm кампањата, членовите на тимот фасилитираат серија работилници во европски рамки, наменети за ученици од 11 до 18 години, исто така и за возрасни, со цел за покренување свест на темата стигма за ментални нарушувања и ментално здравје. Кампањата ќе навлезе во нејзиниот 5ти бран во есента 2018. Првите 4 бранови беа одбележани со значителен пораст во волонтери и земји, со над 1150 волонтери од 20 европски држави кои учествуваа во 4тиот бран на компанијата. „Подобри заедно“ кампањата е насочена кон охрабрување на младите да градат по инклузивни општества преку серија на 5 работилници насочени кон зголемување на нивното знаење за дискриминација и негативните аспекти на истата. Членовите на тимот ја фасилитираат имплементацијата на работилниците. Кампањата има добиено грант од европската младинска фондација и ќе навлезе во нејзиниот втор бран во есента на 2018. OAK кампњата е насочена кон поттикнување на луѓето да извршуваат спонтани акти на добрина ( пр купување кафе на непознат), кое би им помогнало да развијат навика на добро однесување. Апликација за паметен телефон преку која би била имплементирана кампањата се очекува да биде пуштена во употреба во почетокот на 2019.

Организации членки

[уреди | уреди извор]

Организации од сите држави признаени од Советот на Европа може да станат членки на ЕФПСА. Организации од држави/региони кои не се признаени од советот на Европа може да бидат земени предвид како регионални членови. Од Април 2018 ЕФПСА има 33 организации членки и 2 организации под надзор.[13]

Организации членки

[уреди | уреди извор]
Country/Region Organisation
Австрија PLAST
Азербејџан Young Psychologists Public Union
Леувен, Белгија Psychologische Kring
Босна и Херцеговина SINAPSA - Association of Psychology Students
Бугарија AYPB - Association of Young Psychologists in Bulgaria
Хрватска Psihomnia
Кипар CYPSA - Cyprus Psychologists' Association
Чешка ČASP - Czech Association of Students of Psychology
Данска DPS - Danish Psychology Students' Association
Естонија EPSÜ - Estonian Association of Psychology Students
Финска SPOL - Finnish Psychology Students' Association
Германија BDP - Association of German Professional Psychologists
Грција GPSA - Greek Psychology Students' Association
Унгарија MPT - Hungarian Psychological Association
Ирска PSI SAG - PSI Student Affairs Group
Косово KOAPS - Kosovar Association of Psychology Students
Литванија LiPSA – Lithuanian Psychology Students Association
Луксембург ALEP
Малта Betapsi - Psychology Students’ Association
Македонија Психеско- Здружение на студенти по Психологија
Холандија SPS NIP- Dutch National Psychology Students’ Association
Норвешка NPF - Norwegian Psychological Association
Полска PSSIAP - Polish Association of Psychology Students and Graduates
Португалија ANEP
Романија Cognosis - Federation of Psychology and Educational Sciences Student's Association
Србија STIMULUS
Словачка SAŠAP - Slovak Association of Psychology Students and Absolvents
Словенија DŠPS - Psychology Student's Association of Slovenia
Шпанија CEP - PIE
Шведска SP
Швајцарија psyCH - Swiss Psychology Students’ Association
Турција TPÖÇG - Turkish Psychology Students Working Group
Велика Британија BPS - British Psychological Society

Организации под надзор

[уреди | уреди извор]
Country/Region Organisation
Црна Гора Virtus
Албанија Psychology Students Club Elbasan

Погледнете уште

[уреди | уреди извор]
  1. „EFPSA: Past European Summer Schools“. European Federation of Psychology Students' Associations. Архивирано од изворникот на 2017-07-02. Посетено на 2019-01-18.
  2. „EFPSA: EFPSA Day“.
  3. „EFPSA: Past Train the Trainers Summer Schools“. European Federation of Psychology Students' Associations. Архивирано од изворникот на 2018-02-13. Посетено на 2019-01-18.
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име apa.
  5. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име efpa.
  6. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име history.
  7. „JEPS“. EFPSA. Посетено на June 29, 2014.
  8. „Leading European medical and psychological student associations join Right to Research Coalition“. Right To Research Coalition. December 8, 2011. Посетено на April 23, 2015.
  9. „Journals of Ubiquity Press“. Ubiquity Press. Архивирано од изворникот на 2014-08-09. Посетено на June 29, 2014.
  10. „3 students publish paper in European psychology journal“. The Korea Times. August 14, 2014. Посетено на February 24, 2015.
  11. 11,0 11,1 „Intervjuu JEPS-i peatoimetaja Katharina Brechtiga“ (естонски). Eesti Psühholoogide Liidu Laualeht. Autumn 2014. Посетено на February 2, 2015.
  12. King, Maedbh; и др. (2016). „Registered Reports for Student Research“. Journal of European Psychology Students. 7 (1): 20–23. doi:10.5334/jeps.401.
  13. „EFPSA: Members“.