Еврејски феминизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Еврејскиот феминизам е движење кое има за цел да го подобри религиозно, правно и социјално статусот на жените во рамките на јудаизмот и да се отворат нови можности за религиозно искуство и лидерство за еврејските жени. Феминистички движења, со различни пристапи и успеси, се појавиле во рамките на сите големи гранки на јудаизмот.

Во својата модерна форма, Еврејското феминистичко движење може да се проследи до почетокот на 1970-тите години во САД. Според Џудит Пласкоу, која се фокусирала на феминизмот во Реформскиот Јудаизам, главните проблеми за рано-еврејските феминистки биле нивното изземање од машките молитвени групи или минјани, изземањето од Мицватот, и неможноста на жената да функционира како сведок и да поднесе барање за развод.[1]

Според историчарката Пола Химан, две статии објавени во 1970 за улогата на жените во јудаизмот биле особено влијателни: "Неслободата на еврејските жени", објавена во 1970 година во Еврејскиот Спектатор од страна на неговиот уредник, Труд Вајс-Розмарин, во кој се критикува третманот на жените во еврејскиот закон, и една статија од Рејчел Адлер, тогаш православна Еврејка, наречена "Еврејот кој не бил таму: Халача и Еврејската Жена," објавена во 1971 година во Давка, контракултурното списание.[2][3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Plaskow, Judith. "Jewish Feminist Thought" in Frank, Daniel H. & Leaman, Oliver. History of Jewish Philosophy, Routledge, first published 1997; this edition 2003.
  2. Adler, Rachel. ""The Jew Who Wasn't There: Halacha and the Jewish Woman." Davka (Summer 1972) 7–11.
  3. Google Drive Viewer