Док (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Док (француски: La jetée, англиски: The Jetty и The Pier) е дваесет и осум минутен црно-бел научнофанстастичен филм до 1962 година. Режиран е од французинот Крис Маркер. Филмот речиси целосно е составен од неподвижно фотографии. Тој ја раскажува приказната за експеримент со патување во времето во свет кој преживеал нуклеарна војна.

Заплет[уреди | уреди извор]

Во филмот, преживеаните париски жители од Третата светска војна живеат во подземните галерии на Palais de Chaillot.

Тие прават истражувања за патување во времето, со надеж дека ќе испратата некого назад пред уништувачката војна, за да донесе храна, лекови или енергија за сегашноста. Патникот е машки затвореник. Неговото нејасно но опсесивно сеќавање од детството за жена во насилен инцидент на платформата на аеродромот Орли се користи како клуч за неговото патување назад во времето.

Постојано го враќаат назад во времето и тој постојано разговара со жената на терминалот. По неговото патување назад, експериментот продолжува со патување во иднината. Во кратката средба со напредните луѓе од иднината, тие му даваат моќна алатка доволна да му се даде живот на неговото уништено општество.

Кога ќе се врати, другите затвореници го туркаат во смрт. Пред да биде погубен, со него контактираат луѓето од иднината, кои му нудат да го земат во нивното време за да го спасат. Но, тој од нив бара да го вратат во неговото детство. Го враќаат и тој сфаќа дека насилниот инцидент на кој се сеќава како дете е всушност неговата смрт како возрасен човек.