Опашкари

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Дождалец)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Опашкари или дождалци (науч. Urodela/Caudata) — ред водоземци од умерените предели на Европа, Азија, Северна Америка, како и Мексико и во северна Африка. Имаат четири нозе и издолжено тело што продолжува во јасно изделена и цилиндрична опашка. Просечната должина се движи од 5 до 50 см. Во периодот на размножување, мажјакот положува еден вид торба исполнета со сперматозоиди, што женката ја внесува во својата клоака. Јајцата се развиваат во гениталните патишта на мајката, а младенчињата се раѓаат по 10 месеци. Сепак, повеќето видови се овипарни-несат јајца од кои се изведуваат ларви. Пред да станат возрасни единки, тие минуваат низ неколку метаморфози.