Дневен циклус

Од Википедија — слободната енциклопедија

Дневен циклус — секое случување кое се повторува на секои 24 часа како резултат на една целосна ротација на Земјата.[1]

Во климатологијата, дневниот циклус е еден од основните форми за одредување на климатските модели. Најпознатиот таков модел е одредувањето на дневната промена на температурата. Ваквиот циклус е скоро синусоиден, или пак вклучува делови од синусоида (поради изгревањето и заоѓањето на Сонцето).

Полудневен циклус — се однесува на појава која се случува на секои дванаесет часа или пак двапати дневно. Најчесто овие периоди се поврзани со Месечевите плими и осеки, и во овие случаи интервалите се блиски до 12 часа и 25 минути.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]