Дипломатски имунитет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Дипломатскот имунитетет е правното својство уредено со мегународно-правните конвенции за имунитетите и привилегиите на мегународните и дипломатските претставништва и претставници во друга земја при вршење дипломатските должности. Според Виенската конвеција за дипломатските односи од 1961. г. дипломатските претаставништва и претставници имаат имунитет од граѓанска и управна јурисдикција, што подразбира имунитет од извршната, законодавната и судската власт во државата во која ги вршааат нивните дипломатски функции. Особено според оваа конвенција дипломатите имаат имунитет од кривична и прекоршочна домашна правна надлежност. Нивините фамилии кои се дел од придруженото семејство, според истата конвенција исто така уживаат дипломатскот имунитетет. Истите и сродните имунитети и привилегии ги имаат и претставниците на мегународните организации. Претставниците на ООН поседуваат имунитетите и привилегиите утврдени според Општата конвенција за привилегиите и имунитете на Обединетите нации. Претставниците на Специјализирани агенции на ООН поседуваат имунитетите и привилегиите утврдени според Конвенцијата за привилегиите и имунитете на Специјализирани агенции на Обединетите нации. Дипломатите на ООН и на Специјализирани агенции на ООН имаат имунитетите од кривична и прекоршочна јурисдикција однсно имунитет од извршната, законодавната и судската власт. Овој вид правен имунитет кај мегународните дипломати е меѓутоа делумно лимитиран и се дава само во функција вршењето службени и дипломатски должности, а не за личен интерес.

Дипломатските привилегии претставуваат своевидна екстензиа на дипломатските имунитети. Виенската конвенција од 1961. овие олеснувања за дипломатите формално ги третира во истиот сет со имунитетите на дипломатските претставници. Олеснувањата се однесуваат пред се при патувања во и од државата во која се врши должност, и при стекнувањето и продажбата на предмети и материјални добра или имотот на дипломатските претставници или претставништва.

Литература[уреди | уреди извор]

Игор Јанев, Вовед во дипломатија, АГМ, 2015.