Демарш

Од Википедија — слободната енциклопедија

Демарш (потекнува од францусиот збор démarche, т.е. да се маршира),а во дипломатијата со овој терим се означува „дипломатски чекор“ или „дипломатскиот настап“ како формален чин со кои една држава дипломатски ја информира другата за својот став, предлог или барање во врска со своите видувања, оценки или намери, пред сè усмено. По дефиниција, писмениот демарш е дипломатска нота.

Според Виенската конвенција за дипломатските односи, дипломатите прават демарши во комуникацијата меѓу дипломатското претставништво на својата држава и Министерството за надворешни работи на држава во која такво претставништвто е акредитирано. Сагласно Виенската конвенција за дипломатските односи(1961) дипломатско претставништво својата комуникација ја врши само преку Министерството за надворешни работи. Демарш, како едностран политички и правен акт вклучува врачување известиа, повици, давање предлози, поставување барања, давање примедби, врачување протести, осуди или изнесување други политички ставови за одредедно однесување и постапки или за отсуството на соодветно постапување или реагирање од државата на која и е демаршот врачен или испоставен.

Класификација[уреди | уреди извор]

Според предметот и цел демаршот се класифицира на трите најчесто засатпени типа:

  • Првиот вид је давање или барањето информација и известување за одреден предмет или став.
  • Вториот вид демарш е таков со који се дава некои предлог.
  • Tретиот вид чекор е таков со који се нешто бара, прави опомена или преупредува друга страна на одредено однесување.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Игор Јанев, Вовед во дипломатија, АГМ књига, Белград. 2015. ISBN 978-86-86363-64-0