Декубитус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Dekubitus
Nekrose dekubitus01.jpg
4 стадиум на декубитус
Класификација и надворешни извори
СпецијалностHirurgija
МКБ-10L89
МКБ-9707.0
DiseasesDB10606
MedlinePlus007071
eMedicinemed/2709
MeSHD003668

Декубитус претставува патолошки процес кој се јавува на т.н. предилекциски места,предизвикано од подолго време лежење во иста позиција односно поради притисокот на крвните садови и недоволната исхранетост на ткивото со крв,односно нарушена циркулација.

Предилекциски места:

-окципиталната џумка

-рабовите на ушните школки

-рабовите на лопатката или скапулата

-'рбетните продолжетоци

-кај лумбалниот дел кај карличната коска

-на колената

-на лактите

-на петиците

Причини за појава на декубитус:

-Причините можат да бидат егзогени(неодржување на личната хигиена,една положба во креветот која трае долг период,иритација,набори на постелнината и облеката,иритација со трошки,предмети.Но причините можат да бидат и ендогени,односно:

-парализа

-болести со квс

-анемии

-дијабет

-обезитас

-кахексија

Стадиуми на настанување на декубитална рана:

  1. Стадиум на hyperemia-во овој стадиум кожата најпрво е бледа поради долгиот притисок врз крвните садови,а потоа кожата е црвена поради хиперемијата.
  2. Стадиум на мацерација - во овој стадиум кожата е лигава,влажна и се лупи.
  3. Стадиум на некроза-во овој стадиум раната се шири во длабочина и ширина.
  4. Во четвртиот стадиум раната се проширува до коска.

Дејство врз организмот[уреди | уреди извор]

  1. Раната претставува влезно место на микроорганизми што може да доведе до смртен исход доколку не се води соодветна грижа и нега.
  2. Преку раната доаѓа до губење на голем број протеини,а со тоа се намалува отпорноста на огранизмот.
  3. Продуктите од декубиталната ран влијаат токсично врз CNS,хепар и бубрези.
  4. При целосно заздравување на оваа рана може да се намали подвижноста на околното ткиво,така настануваат и контрактури.

Превенција

-Одржување на лична хигиена

-Масажа на предилекциски места

-Употреба на поможни средства со цел превенција

-јакнење на отпорноста на организмот со храна богата со протеини

-болничката облека и постелнина да е без набри,и други предмети.

Лекување

  1. Земање на брис од раната за да се утврди антибиотикот
  2. Промивка на раната со водород пероксид,а потоа со со бетадин,а на крај со антибиотски раствор или прашок.
  3. Преврска на раната
  4. Заштита на раната со ѓеврече или гумен круг.
Декубитална промена предизвикана од лежење
Антидекубитален душек