Деветтиот бран
Творец | Иван Ајвазовски |
---|---|
Година | 1850 |
Вид | Масло на платно |
Димензии | 221 см × 332 см |
Место | Државен музеј, Санкт Петербург |
Деветтиот бран (руски: Девятый вал, Dyevyatiy val) е слика од 1850 година на руско-ерменскиот сликар на морски крајолици Иван Ајвазовски. Тоа е неговото најдобро познато уметничко дело.[1][2]
Насловот се однесува на една стар израз во едрењето кој се однесува на еден бран со неверојатна големина, кој доаѓа на ред по постепено поголеми бранови.[3]
Сликата го опишува морето после ноќна бура и луѓе кои се соочуваат со смртта, обидувајќи се да се спасат себеси со припивање до остатоци од уништен брод. Остатоците, во облик на крст, се чини дека се приказ на христијанска метафора за спасение од земниот грев. Сликата има топли тонови, кои ги намалуваат очигледна заканувачки тонови на морето и можноста за луѓето да преживеат изгледа веројатна. Оваа слика ја покажува деструктивната страна, и убавината на природата.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „The Ninth Wave“. Hermitage Museum. Архивирано од изворникот на 4 November 2013. Посетено на 1 November 2013.
- ↑ „Aivazovsky, I. K. The Ninth Wave. 1850“. Auburn University. Архивирано од изворникот на 2015-07-05. Посетено на 10 December 2013.
Detail from "The Ninth Wave" "The Ninth Wave," painted in 1850, is Aivazovsky's most famous work and is an archetypal image for the artist.
- ↑ Debating Globalization and the Ninth Wave Архивирано на 13 септември 2017 г. at University of Indiana Framing the Global Program Debate