Грота Верде
Грота Верде (преведено: „Зелена Пештера“) ― морска пештера сместена на островот Капри, јужна Италија.
Во нејзина близина, брегот е нерамен, целосно изложен на северноафриканскиот ветер сироко. Бидејќи абењето и кинењето на карпите е многу брзо, поранешните ознаки на водните линии веројатно нема да бидат добро зачувани. Следствено, тешко е да се препознае каква било дефинитивна индикација за поранешните нивоа на земјиште. Сè што дефинитивно може да се каже е дека се работи за морски пештери, чијшто под се формирал кога копното било повисоко, а сега е потопен. Покривот бил еродиран кога земјиштето било на пониско ниво. Зеленото светло на карпите произлегува како композитен ефект поради сината светлина што се одбива и се пренесува од водата, играјќи на жолтеникавите страни и покривот на пештерата. Најдобро се гледа во долниот дел на Асаџо Верде, каде што може да се патува со брод во мирен ден.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Royal Geographical Society (Great Britain). (1903). The Geographical journal (Public domain. изд.). Royal Geographical Society. стр. 131–. Посетено на 13 декември 2021.