Голема ќелава пуфка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Голема ќелава пуфка
Giant Puffball.jpg
Млада голема ќелава пуфка со предмет за споредба
Научна класификација
Царство: Fungi
Колено: Basidiomycota
Класа: Agaricomycetes
Ред: Agaricales
Семејство: Lycoperdaceae
Род: Calvatia
Вид: C. gigantea
Биномен назив
Calvatia gigantea
(Batsch ex Pers.) Lloyd

Голема ќелава пуфка е јадлива сунѓереста габа. Се наоѓа на ливади, полиња и листопадни шуми кон крајот на летото и почетокот на есента. Ја има во Европа и Северна Америка, а ја има и во Македонија. Обично, растат од 10 до 70 cm во дијаметар, но може да достигне големина и до 150 cm во дијаметар и тежина до 20 kg.