Години на живот корегирани во однос на квалитетот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Приказ на години на живот корегирани во однос на квалитетот (QALYs) за две единки. Лицето A (кое не примило интервенција) има помалку QALYs од лицето B (кое примило интервенција).

Години на живот корегирани во однос на квалитетот (QALY, од англиски: quality-adjusted life year) е мерка за здравствениот исход која може да се примени на сите лице и за сите болести, која во себе ги вклучува квалитетот и квантитетот на животот. Една QALY одговара на една година преживеана во совршено здравје. Смрт одговара на 0 QALY, а состојбите полоши од смрт може да имаат и негативна оценка. QALYs може да се користат за донесување на лични одлуки, евалуирање на програми, и поставување на приоритети за идни програми.