Георги Шарески

Од Википедија — слободната енциклопедија

Георги Шарески — македонски композитор, аранжер и гитарист,[1] и музичар во интернационалниот проект The Skopje Connection, најдобро познат како лидер на Георги Шарески квартет.

Биографија[уреди | уреди извор]

Својата музичка кариера ја почнал во 1997 година. Како основец свирел во панк-составите Плав бојлер и Sidewalk. Од 2006 година, по враќањето од четиригодишниот студиски престој (џез-композиција и аранжмани) на колеџот Беркли во САД, го формирал џез-квартетот Георги Шарески квартет во состав: Оливер Јосифовски на бас, Александар Секуловски на тапани и Џијан Емин на клавијатури, по што започнал со документирање на собраните авторски материјали.

Од 2014 година живее и работи во Берлин, Германија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Филиповски, Тошо (2018 година). Македонска рок енциклопедија (1963 - 2018). Скопје: Корпус Деликти Рекордс, Тошо Филиповски. стр. 92–93. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)