Враќање (филм од 2003)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Враќање е руски филм, во режија на Андреј Звјагинцев. Главните улоги ги толкуваат: Константин Лавроненко, Владимир Гарин, Иван Добронравов и Наталија Вдовина. Во 2003 година, филмот ги освоил Европската филмска награда, пет награди на Венецијанскиот филмски фестивал (меѓу кои и „Златниот лав“), а вкупно освоил 31 награда и имал уште 18 номинации.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Една млада жена (ја игра Вдовина) живее со своите две деца, постариот Андреј (го игра Гарин) и малиот Иван (го игра Добронравов). Неочекувано, во нивниот дом се појавува таткото (го игра Лавроненко) кого децата не го виделе одамна. Тој е строг и таинствен, но ги зема децата со себе и ги носи на неколкудневен одмор на еден езерски остров. Меѓу него и децата се развива необичен однос...[2]

Наводи[уреди | уреди извор]