Прејди на содржината

Виртуелна заедница

Од Википедија — слободната енциклопедија

Виртуелна заедница, е-заедница или онлајн заедница е група на луѓе кои првенствено меѓу себе комуницираат, општат, по пат на комуникацициски посредници како што се новинарски брошури, телефон, електронска пошта, интернетска друштвена мрежа или со истовремени пораки за друштвени, стручни, образовни или други цели.

Ако механизмот е компјутерска мрежа, тогаш се нарекува онлајн заедница. Виртулените и онлајн заедниците исто така станале дополнителен облик на комуникација помеѓу луѓе кои меѓу себе се познаваат првенствено од реалниот живот.

Многу средствата се користат во социјалниот софтвер одделно или во комбинација, вклучувајќи виртуелни простории за разговор и текст-засновани форуми кои ги користат глас, видео текст или аватари.

Значајната социо-технолошката промена веројатно се должи на зголемувањето на бројот на таквите друштвени мрежи засновани на интернет.