Википедија:1Lib1Ref 2023

Од Википедија — слободната енциклопедија
#1Lib1Ref
 

од 15 јануари до 5 февруари 2023 година

 

#1Lib1Ref 2023 — меѓународна иницијатива во облик на натпревар за наведување извори во статии коишто се без наводи или содржат непотврдени изјави. Главна цел на иницијативата е подобрување на цитираноста на Википедија во насока на создавање поквалитетна и поверодостојна енциклопедија. Натпреварот се организира на локално ниво, односно на Википедија на македонски јазик, и на регионално ниво, односно во Средна и Источна Европа.

Сите заинтересирани лица коишто располагаат со веродостојни извори коишто може да послужат за поткрепување на содржината во статиите се добредојдени да земат учество во натпреварот следејќи го упатството за учество, а на најплодотворните учесници во натпреварот како на локално, така и на регионално ниво им биле доделени награди и уверенија.

Упатство за учество[уреди извор]

Основни податоци[уреди извор]

  • Почеток: 15 јануари 2023 г. во 00:00 (CET).
  • Крај: 5 февруари 2023 г. во 23:59 (CET).
  • Место на одржување: секое место со пристап до интернет.

Пријава[уреди извор]

  • Чекор 1: Создајте корисничка сметка тука или најавете се доколку веќе имате.
  • Чекор 2: Додека сте најавени, пријавете се со своето корисничко име на контролната табла на натпреварот. Ова овозможува преглед на сите уредувања направени за време на натпреварот и со тоа влегувате во конкуренција на регионалниот натпревар (списокот на сите учесници е достапен тука).
  • Чекор 3: Додадете го корисничкото име во списокот на учесници.

Придонес[уреди извор]

Напомена: Секој навод се препорачува да се додаде во посебно уредување затоа што бројот на придонеси соодветствува на бројот на направени уредувања со бараниот опис. Наведувањето извори е потребно да се врши исклучиво во постоечки статии, така што новосоздадените статии нема да бидат земени предвид како придонес во натпреварот.

Список на учесници[уреди извор]

Своето учество во натпреварот може да го најавите со додавање на корисничкото име во продолжение.

Награди[уреди извор]

Регионални награди[уреди извор]

Фондацијата Викимедија на учесниците на регионалниот натпревар коишто додале најмалку 30 наводи ќе им додели уверенија. Освен тоа, на двајцата најплодотворни учесници на регионалниот натпревар им биле доделени вредносни купони за набавка на производи од википедиината продавница, и тоа:

  • Прва награда: купон во вредност од 80 американски долари.
  • Втора награда: купон во вредност од 60 американски долари.
  • Трета награда: купон во вредност од 60 американски долари.

Локални награди[уреди извор]

Награди во облик на вредносни купони за книги или техничка опрема им биле доделени на тројцата најплодотворни учесници, и тоа:

  • Прва награда: купон во вредност од 6.000 денари.
  • Втора награда: купон во вредност од 4.000 денари.
  • Трета награда: купон во вредност од 2.000 денари.

Важно: За да се освои било која награда, потребно било да се наведат најмалку 100 извори во најмалку 50 различни статии!

Резултати[уреди извор]

Број Корисник Збирен резултат1 Додадени наводи Збогатени статии
1 Тиверополник 1.168 604 564
2 P.Nedelkovski 214 107 107
3 Ivka20 204 163 41

1 Збирниот резултат претставува збир на бројот на додадени наводи и бројот на збогатени статии.

Надворешни врски[уреди извор]

  • The Wikipedia Library/1Lib1Ref — службена страница на иницијативата на Мета.
  • 1Lib1RefCEE campaign 2023 — страница на регионалната иницијатива во Средна и Источна Европа на Мета.