Википедија:Почетен курс (Надворешни врски)/песок

Од Википедија — слободната енциклопедија

Кастрати[уреди извор]

Кастратите [1] се мажи на кои во детска возраст им е направена операција со која се спречува природната мутација, така се запазувал нивниот чист, висок детстки глас. Пеачите-кастрати учествувале во средновековните црковни служби во Западна Европа. Најрани сведоштва за пеењето на кастратите во Сикстинската капела датираат од XIV век, кога на жените им било забранувано да пеат во богослужбите. Кастратите стануваат најпознати со раѓањето на операта, посебно во opera seria, каде ги одигрувале главните рољи. Во период од 1650-1750 год. Кастратите биле најдобро платени пеачи, почестени со слава и признанија, поставени во високите редови во општеството. Познати имиња се: Џовани Батиста, Пјер Франческо Тоси, Николини, Фаринели за кого е направен биогравски филм “Farinelli – Voce Regina”. <наводи> Најмногу кастрати имало во Иатлија според документи, за стотина години околу 4000 момчиња биле подложени на таа операција. Во XIX век се намалува бројот на кастратите, останувале само некои кои пееле во Сикстинската капела. Последниот кастарт кој пеел таму до 1913 е Алесандро Морески (Alesandro Moreschi), кој е единствениот кастрат чиј глас е снимен на грамофонска плоча, но за жал тој бил само просечен глас. Во 1870 год. Кастрирањето се прогласува како незаконско во Италија, која е последната држава каде се вршело истото, а во 1902 год. Папата прогласил забрана за употребата на кастрати во црковното пеење, засекогаш.

{{}}

  1. https://bg.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%B0%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%82