Википедија:Википедија 15

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
15 ГОДИНИ ВИКИПЕДИЈА — 15 ГОДИНИ СЛОБОДНО ЗНАЕЊЕ

Општо обележје на роденденот

Википедијанците ширум светот приредуваат глобална забава со настани на шест континенти по повод 15-годишнината на Википедија.

Почнувајќи од 15 јануари 2016 г. македонската вики заедница и огранокот Споделено знаење прославуваат 15 години од постоењето на Википедија (Википедија 15) — светската слободна енциклопедија што секој може да ја уредува. Оваа седмица, уредниците и читателите ширум светот го чествуваат слободното знаење и радоста што ја предизвика во изминатите деценија и половина.

Википедија беше пуштена на 15 јануари 2001 г. со смела задача: свет во кој секое човечко битие ќе има слободен пристап и удел во збирот на сето човеково знаење. Во тоа време, замислата дека луѓето ширум светот ќе земат да соработуваат на бесплатна енциклопедија била незамислива. Оттогаш, Википедија порасна на 35 милиони статии на стотици јазици, со стотици милиони читатели ширум светот. И денес ја градат доброволци од целиот свет: секој месец на на учествуваат 80.000 доброволни уредувачи.

Денес, 28 отсто од живите на планетава не познаваат свет без Википедија. Иако голем дел од интернетот денес е личен простор, Википедија му служи секому на светот, на сите возрасти и занимања.

Настани и прослави[уреди извор]

Почнувајќи од 15 јануари 2016 г., па во следните неколку дена, македонската викизаедница и огранокот „Споделено знаење“ приредуваат прослава и информативно-образовни настани, со цел да ја запознаеме македонската јавност со целта и смислата на Викимедииното движење, нашите активности во Македонија и сето она кон кое се стремиме во нашата работа. Ова вклучува прослава, семинар со предавања на нашите членови, панел-дискусија, групни уредувачки потфати.

Секој е добредојден да присуствуа на настаните. Ќе ни биде задоволство!

Еве го распоредот на настаните, а подолу ќе ја најдете подробната програма:

Распоред[уреди извор]

Напомена: Под табелата ќе најдете подробен распоред на активностите:

Ден Активност Опис Место Време
15 јануари Роденденска прослава неколкучасовен настан со презенации и забава за одбележување на 15. роденден на Википедија Концепт 37 19:00 - 22:00 ч.
16 јануари Истражи ја Википедија образовен семинар на теми поврзани со Википедија и движењето Викимедија American Corner Skopje 13:00 - 16:00 ч.
17 јануари Уредувачки ден целодневен уредувачки потфат на тема „Големи везири на Отоманската империја“. од дома цел ден
22 јануари Уредувачки маратон тричасовен уредувачки потфат на тема „Егејска Македонија“ МАНУ попладне
по 15 јануари Фотографски лов експедиција низ главниот град и околината со цел да се обезбедат фотографии од помалку застапените места низ Скопје и околината во текот на денот

Подробна програма[уреди извор]


Петок (15 јануари) — Презентации и роденденска прослава
Почеток: 19:00 ч.
  • Видеа – 15 минути (19:00-19:15)
  • Панел-дискусија – 30 минути (19:15-19:45)
  • Презентација на Споделено знаење – 30 минути (19:45-20:15)
  • Роденденска прослава


Сабота (16 јануари) — Семинар „Истражи ја Википедија“
За присуство на семинарот „Истражи ја Википедија“, Ве молиме пополнете ја следнава пријава. Бројот на учесници е ограничен.
Почеток: 13:00 ч.
  • Документарен филм за Википедија – 15 минути (13:00-13:15)
  • Што е Википедија? Како се користи? – 45 минути (13:15-14:00)
  • Слободни лиценци и авторски права – 20 минути (14:00-14:20)
  • Пауза – 20 минути (14:20-14:40)
  • Викимедија како глобално движење – 20 минути (14:40-15:00)
  • Викимедија во Македонија – 30 минути (15:00-15:30)
  • Преглед на денот – 10 минути (15:30-15:40)

Слики од годишнината[уреди извор]

Роденденски настан (15 јануари)[уреди извор]

Семинар „Истражи ја Википедија“ (16 јануари)[уреди извор]

Уредувачки маратон во библиотеката на МАНУ (22 јануари)[уреди извор]

За роденденот во медиумите[уреди извор]

Повеќе статии во врска со роденденот на Википедија објавени во македонски медиуми:

  1. Македонските Википедијанци ќе го слават глобалниот јубилеј на Википедија, објавено на 11 јануари 2016 г. во порталот Позитив
  2. 15 години Википедија на македонски јазик, објавено на 12 јануари 2016 г. во Радио МОФ
  3. Википедија слави 15 години постоење, објавено на 15 јануари 2016 г. во порталот Идивиди
  4. Википедија слави 15 години постоење, објавено на 15 јануари 2016 г. во порталот А1он
  5. 15 години Википедија, објавено на 15 јануари 2016 г. на телевизија Орбис
  6. Википедија слави 15 години постоење, објавено на 15 јануари 2016 г. во Утрински весник
  7. „Википедија“ прославува 15 години од постоењето, објавено на 15 јануари 2016 г. во Република
  8. Википедија на македонски слави 15 години онлајн енциклопедија, објавено на 15 јануари 2016 г. на порталот Мобилни
Погледајте ги сите

Контакт за медиумите[уреди извор]

Бојан Јанкулоски
Главен програмски раководител
тел. 078/282 698
bojan.jankuloskiatgmail.com