Википедија:Википедиин азиски месец 2020

Од Википедија — слободната енциклопедија

Википедиин азиски месец 2020 — меѓународна иницијатива за промовирање содржини поврзани со Азија на различни јазични изданија на Википедија. Како дел од пријателството и културната размена на Википедиината азиска заедница, учесниците коишто создале најмалку четири статии било предвидено да добијат посебна википедиска разгледница од друга заедница учесничка, а учесниците со најмалку 30 уредени статии од секоја заедница учесничка биле прогласени за амбасадори на Википедииниот азиски месец.

Во насока на поголема застапеност на темите поврзани со Азија на македонски јазик, заедницата на Википедија на македонски јазик зела учество преку организирање уредувачки натпревар на теми поврзани со Азија од 1–30 ноември 2020, односно во периодот на спроведување на меѓународната иницијатива.

Уредувачки натпревар[уреди извор]

Уредувачкиот натпревар е одржан во периодот од 1 ноември 2020 г. во 00:00 до 30 ноември 2020 г. во 23:59 по средноевропско време.

Евиденција[уреди извор]

Преглед на придонесите на учесниците во натпреварот е достапен тука.

Статистика[уреди извор]

Статистички преглед на придонесите од натпреварот е направен во табелата во продолжение.

Мерка Опис Резултат
Создадени статии вкупен број на создадени статии на Википедија 169
Подобрени статии вкупен број на подобрени статии на Википедија 17
Создадени предлошки вкупен број на создадени предлошки на Википедија 1
Подобрени предлошки вкупен број на подобрени предлошки на Википедија 1
Учество вкупен број на учесници на натпреварот 10

Поврзано[уреди извор]