Прејди на содржината

Википедија:Анкета за испитување на родовата еднаквост на Википедија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Симбол на родова еднаквост
Симбол на родова еднаквост

Анкета за испитување на родовата еднаквост на Википедија — анкета којашто се спровела во насока на испитување на јавносто мислење за родовата еднаквост на Википедија. Целна група на анкетата биле како уредниците, така и читателите на Википедија на македонски јазик. Резултатите биле јавно објавени и споделени со заедницата, а се користат и за согледување на тековната состојба, планирање на идни активности и проекти, како и изработка на научно-истражувачки трудови. Спроведувањето на анкетата било поттикнато од страна на Викимедија Србија и истовремено се спроведува и на Википедија на српски јазик.

Анкетниот прашалник е достапен на оваа врска, а краен рок за негово пополнување бил 25 октомври 2020 година.

Содржина

[уреди извор]

Анкетниот прашалник се состои од 21 прашање поделено во три дела, од кои 19 се задолжителни и 2 незадолжителни. Сите задолжителни прашања содржат повеќекратна понуда на одговори со право на избор само на еден од нив. Вториот дел е условен и право да одговорат на прашањата содржани во него имаат само оние испитаници коишто на П5 ќе одговорат со „Да“.

П1. Род

  • Машки
  • Женски
  • Друго

П2. Возраст

  • под 18
  • 18 - 30
  • 30 - 40
  • 40 - 50
  • 50 - 60
  • над 60

П3. Кој е Вашиот највисок стекнат степен на образование?

  • Прв степен: Основно образование и воспитување
  • Втор степен: Стручно оспособување/образование за занимање
  • Трет степен: Средно стручно образование во времетраење од три години
  • Четврти степен: Средно образовање во времетраење од четири години
  • Петти степен: Специјалистичко образование
  • Шести степен: Додипломски академски студии, додипломски стручни студии или специјалистички академски студии
  • Седми степен: Постдипломски академски студии, постдипломски стручни студии или специјалистички академски студии
  • Осми степен: Докторски студии

П4. Дали сте вработен/а?

  • Да
  • Не

П5. Дали некогаш сте ја уредувале Википедија?

  • Да
  • Не

Уредници на Википедија

[уреди извор]

П6. Колку често сте ја уредувале Википедија во последните шест месеци?

  • Секој ден
  • Два до шест пати седмично
  • Еднаш седмично
  • Помалку од четири пати месечно

П7. Која е главната причина поради која сте започнале да ја уредувате Википедија?

  • Сакав да проверам дали навистина секој може да ја уредува
  • Забележав грешка којашто сакав да ја поправам
  • Забележав црвена врска кон статија којашто недостига, па сакав да ја напишам
  • Знаев многу на тема којашто не беше доволно покриена на Википедија
  • Некој од моето окружување веќе ја уредуваше Википедија, па тоа ми беше мотивација
  • Ми се допадна идејата за ширење на слободното знаење преку волонтирање
  • Сакав да стекнам нови вештини
  • Сакав да учествувам во дискусиите на Википедија
  • Започнав да ја уредувам Википедија во рамки на проект којшто вклучуваше нејзино уредување
  • ____________________ (Друго)

П8. Која е главната причина поради која и натаму ја уредувате Википедија?

  • Од професионални причини
  • За да поправам грешки на коишто наидувам
  • За да пишувам статии коишто не постојат
  • За да придонесам кон статии од област којашто добро ја познавам
  • Сакам да ги популаризирам темите коишто ги сметам за важни
  • Ми се допаѓа идејата за слободно знаење и достапност на информации
  • Сакам да стекнам углед меѓу википедиината заедница
  • Сакам да волонтирам
  • Забавно ми е
  • ____________________ (Друго)

П9. Која би била главната можна причина да престанете да ја уредувате Википедија во следните шест месеци?

  • Недостаток на слободно време
  • Сметам дека уредувањето на Википедија стана губење време
  • Планирам други активности онлајн коишто не вклучуваат уредување на Википедија
  • Мислам дека не сум доволно упатен/а во правилно уредување на Википедија
  • Мислам дека доволно луѓе веќе ја уредуваат Википедија
  • Сакам исклучиво да ја читам Википедија, а не и да ја уредувам
  • Не сакам да влегувам во судири со други уредници
  • Правилата за уредување се сложени
  • ____________________ (Друго)

П10. Дали досега сте уредувале биографски статии?

  • Да
  • Не

П11. Дали на Википедија уредувате статии за жени и на женски теми?

  • Да
  • Не

П12. Дали сметате дека на Википедија постои родова дискриминација?

Под дискриминација се подразбира секое неоправдано правење разлика или нееднакво постапување, односно пропуштање (исклучување, ограничување или давање првенство) коешто има за цел или последица на лицето или групата да им го отежне, загрози, оневозможи или негира признанието, уживањето или остварувањето на човековите права и слободи во политичка, економска, општествена, културна, граѓанска, семејна и друга област.

  • Да
  • Не
  • Не сум сигурен/на

П13. Дали некогаш сте доживеале посредна или непосредна родова дискриминација на Википедија?

  • Да
  • Не
  • Не сум сигурен/на

П14. Доколку Вашиот одговор на претходното прашање беше „Да“ или „Не сум сигурен/на", наведите ни ситуација во којашто тоа се случило. (незадолжително)

  • ____________________________________________________________

П15. Дали некогаш сте биле очевидец на посредна или непосредна родова дискриминација на Википедија?

  • Да
  • Не
  • Не сум сигурен/на

П16. Дали сметате дека на Википедија има доволно уреднички?

  • Да
  • Не
  • Не сум сигурен/на

П17. Дали сметате дека на Википедија треба да има повеќе уреднички?

  • Да
  • Не
  • Не сум сигурен/на

Читатели на Википедија

[уреди извор]

П18. Колку често ја читате Википедија?

  • Секој ден
  • Два до шест пати седмично
  • Еднаш седмично
  • Помалку од четири пати месечно

П19. Дали мислите дека на Википедија има доволно содржини за жени и на женски теми?

  • Да
  • Не

П20. Дали сметате дека на Википедија има рамнотежа меѓу содржините за жени и содржините за мажи?

  • Да
  • Не
  • Не сум сигурен/на

П21. Додатен коментар: (незадолжително)

  • ____________________________________________________________

Резултати

[уреди извор]

Вкупно се пополнети 303 анкетни прашалници, а нивниот распоред по денови е даден во табелата во продолжение.

Датум Број на пополнети прашалници
28 септември 5
29 септември 41
30 септември 26
1 октомври 29
2 октомври 14
3 октомври 6
4 октомври 4
5 октомври 17
6 октомври 8
7 октомври 21
8 октомври 13
9 октомври 5
10 октомври 1
11 октомври 3
12 октомври 4
13 октомври 12
14 октомври 9
15 октомври 8
16 октомври 12
17 октомври 3
18 октомври 12
19 октомври 4
20 октомври 7
21 октомври 22
22 октомври 4
23 октомври 2
24 октомври 5
25 октомври 6
Вкупно 303
  Вкупно
  Мажи
  Жени

Со оглед на бројот на понудени одговори и тоа што нивните пресметани учества се заокружени на едно десетично бројно место, можно е да се јавува отстапување на нивниот вкупен збир со точност до 0,3.

П1. Род

  • Машки (36,3%)
  • Женски (62,0%)
  • Друго (1,7%)

П2. Возраст

  • под 18 (20,1%)
  • 18 - 30 (32,0%)
  • 30 - 40 (24,1%)
  • 40 - 50 (10,9%)
  • 50 - 60 (6,9%)
  • над 60 (5,9%)

П3. Кој е Вашиот највисок стекнат степен на образование?

  • Прв степен: Основно образование и воспитување (11,9%)
  • Втор степен: Стручно оспособување/образование за занимање (2,0%)
  • Трет степен: Средно стручно образование во времетраење од три години (1,3%)
  • Четврти степен: Средно образовање во времетраење од четири години (22,4%)
  • Петти степен: Специјалистичко образование (5,3%)
  • Шести степен: Додипломски академски студии, додипломски стручни студии или специјалистички академски студии (31,4%)
  • Седми степен: Постдипломски академски студии, постдипломски стручни студии или специјалистички академски студии (20,1%)
  • Осми степен: Докторски студии (5,3%)

П4. Дали сте вработен/а?

  • Да (55,8%)
  • Не (44,2%)

П5. Дали некогаш сте ја уредувале Википедија?

  • Да (20,8%)
  • Не (79,2%)

Уредници на Википедија

[уреди извор]
  Вкупно
  Мажи
  Жени

Со оглед на бројот на понудени одговори и тоа што нивните пресметани учества се заокружени на едно десетично бројно место, можно е да се јавува отстапување на нивниот вкупен збир со точност до 0,3.

П6. Колку често сте ја уредувале Википедија во последните шест месеци?

  • Секој ден (7,9%)
  • Два до шест пати седмично (15,9%)
  • Еднаш седмично (3,2%)
  • Помалку од четири пати месечно (73,0%)

П7. Која е главната причина поради која сте започнале да ја уредувате Википедија?

  • Сакав да проверам дали навистина секој може да ја уредува (4,8%)
  • Забележав грешка којашто сакав да ја поправам (28,6%)
  • Забележав црвена врска кон статија којашто недостига, па сакав да ја напишам (3,2%)
  • Знаев многу на тема којашто не беше доволно покриена на Википедија (20,6%)
  • Некој од моето окружување веќе ја уредуваше Википедија, па тоа ми беше мотивација (4,8%)
  • Ми се допадна идејата за ширење на слободното знаење преку волонтирање (17,5%)
  • Сакав да стекнам нови вештини (1,6%)
  • Сакав да учествувам во дискусиите на Википедија (1,6%)
  • Започнав да ја уредувам Википедија во рамки на проект којшто вклучуваше нејзино уредување (14,3%)
  • Друго (3,2%)

П8. Која е главната причина поради која и натаму ја уредувате Википедија?

  • Од професионални причини (0,0%)
  • За да поправам грешки на коишто наидувам (17,5%)
  • За да пишувам статии коишто не постојат (15,9%)
  • За да придонесам кон статии од област којашто добро ја познавам (20,6%)
  • Сакам да ги популаризирам темите коишто ги сметам за важни (7,9%)
  • Ми се допаѓа идејата за слободно знаење и достапност на информации (15,9%)
  • Сакам да стекнам углед меѓу википедиината заедница (0,0%)
  • Сакам да волонтирам (4,8%)
  • Забавно ми е (7,9%)
  • Друго (9,6%)

П9. Која би била главната можна причина да престанете да ја уредувате Википедија во следните шест месеци?

  • Недостаток на слободно време (73,0%)
  • Сметам дека уредувањето на Википедија стана губење време (4,8%)
  • Планирам други активности онлајн коишто не вклучуваат уредување на Википедија (4,8%)
  • Мислам дека не сум доволно упатен/а во правилно уредување на Википедија (4,8%)
  • Мислам дека доволно луѓе веќе ја уредуваат Википедија (0,0%)
  • Сакам исклучиво да ја читам Википедија, а не и да ја уредувам (4,8%)
  • Не сакам да влегувам во судири со други уредници (4,8%)
  • Правилата за уредување се сложени (0.0%)
  • Друго (3,2%)

П10. Дали досега сте уредувале биографски статии?

  • Да (69,8%)
  • Не (30,2%)

П11. Дали на Википедија уредувате статии за жени и на женски теми?

  • Да (46,0%)
  • Не (54,0%)

П12. Дали сметате дека на Википедија постои родова дискриминација?

Под дискриминација се подразбира секое неоправдано правење разлика или нееднакво постапување, односно пропуштање (исклучување, ограничување или давање првенство) коешто има за цел или последица на лицето или групата да им го отежне, загрози, оневозможи или негира признанието, уживањето или остварувањето на човековите права и слободи во политичка, економска, општествена, културна, граѓанска, семејна и друга област.

  • Да (19,0%)
  • Не (52,4%)
  • Не сум сигурен/на (28,6%)

П13. Дали некогаш сте доживеале посредна или непосредна родова дискриминација на Википедија?

  • Да (6,3%)
  • Не (85,7%)
  • Не сум сигурен/на (7,9%)

П15. Дали некогаш сте биле очевидец на посредна или непосредна родова дискриминација на Википедија?

  • Да (9,5%)
  • Не (82,5%)
  • Не сум сигурен/на (7,9%)

П16. Дали сметате дека на Википедија има доволно уреднички?

  • Да (12,7%)
  • Не (42,9%)
  • Не сум сигурен/на (44,4%)

П17. Дали сметате дека на Википедија треба да има повеќе уреднички?

  • Да (65,1%)
  • Не (6,3%)
  • Не сум сигурен/на (28,6%)

Читатели на Википедија

[уреди извор]
  Вкупно
  Мажи
  Жени

Со оглед на бројот на понудени одговори и тоа што нивните пресметани учества се заокружени на едно десетично бројно место, можно е да се јавува отстапување на нивниот вкупен збир со точност до 0,3.

П18. Колку често ја читате Википедија?

  • Секој ден (19,8%)
  • Два до шест пати седмично (37,3%)
  • Еднаш седмично (22,4%)
  • Помалку од четири пати месечно (20,5%)

П19. Дали мислите дека на Википедија има доволно содржини за жени и на женски теми?

  • Да (60,1%)
  • Не (39,9%)

П20. Дали сметате дека на Википедија има рамнотежа меѓу содржините за жени и содржините за мажи?

  • Да (35,0%)
  • Не (16,2%)
  • Не сум сигурен/на (48,8%)

Надворешни врски

[уреди извор]