Видеоконференција

Од Википедија — слободната енциклопедија

Видеоконференција или видеотелеконференција е множество од интерактивни телекомуникациски технологии кои овозможуваат луѓето на две или повеќе различни локации да комуницираат преку симултан двонасочен аудио и видео пренос. Позната е и како визуелна колаборација, и е наменета за соработка меѓу групи.

Како колаборативни системи видеоконференциите се класифицираат во системите кои овозможуваат соработка меѓу луѓе, додека според парадигмата место-време се вројуваат во систмите со различно но предвидливо место за корисниците и исто време.

Видеоконференциските системи овозможуваат:

  • Побрза комуникација и полесна колаборација
  • Се намалуваат трошоците за деловни патувања, се намалува потрошеното време
  • Побрзо може да се донесат одлуки за разлика од другите системи за соработка на далечина, бидејќи менаџерот или водачот на тимот истовремено може да го види расположението на тимот и како тие прифаќаат одредена одлука. Ваквите состаноци се продуктивни.
  • Повеќе членови од тимот може да учествуваат на состанокот без трошење од работното време на патувања

Пример за ваков систем е Polycom Video Conferencing.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-02-26. Посетено на 2009-06-16.