Вебинар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пример за веб конференција на екран на компјутер

Веб конференциите или познати како вебинари — презентации, работилници, состаноци или семинари кои се одржуваат преку интернет. На вебинарот секој учесник седи пред својот компјутер/лаптоп, и преку интернет е поврзан со другите учесници и презентери.

Од состанок со 5 учесници до конференција со над 200 учесници, вебинарите овозможуваат најразлични начини за интеракција, преку чет, гласовно со користење на микрофон, преку најразлични анкети и прашања итн.

За да присуствувате на кој било вебинар потребно е најпрво да го регистрирате вашето присуство, и по потреба да го инсталирате софтверот кој се употребува за конкретниот вебинар. Најчесто при регистрацијата ќе треба да ги внесете вашите лични податоци (име, презиме, е-пошта, компанија и слично) и потоа ќе добиете мејл со потврда за вашата регистрација и врска до вебинарот.

На денот на одржување на вебинарот потребно е да го отворите линкот кој го добивте во мејлот со потврдата за регистрација, и со тоа да се вклучите на вебинарот.