Бурен
Изглед
Бурен | |
---|---|
Подрачје | Естерјетланд |
Координати | 58°34′N 15°10′E / 58.567° СГШ; 15.167° ИГД |
Сливни земји | Шведска |
Површина | 28 км2 |
Бурен - езеро во шведската покраина Естерјетланд помеѓу градовите Буренсберги и Мотала. Површината на езерото е 28 км² додека најголемата длабочина е 14 м.
Езерото е составен дел на Јетскиот Канал и реката Мотала. Градот Буренсберг, сместен на источниот брег на езерото, го добил името по Бурен. На јужната страна од езерото се наоѓа 'ртот Биргита (Birgittas udde) и благородничкиот имот на Улфес од 12 век. За време на студените зимски месеци, езерото замрзнува и со тоа станува популарно лизгалиште.