Блузот на Шулце (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Блузот на Шулце е германски филм од 2003 година. Режисер е Михаел Шор. Главните улоги ги толкуваат: Хорст Краузе, Харалд Вармбрун, Карл/Фред Милер и Урсула Шухт.

Кратка содржина[уреди | уреди извор]

Шулце го минува својот живот во едно мало источногерманско село. Неговиот живот меѓу работата и кафеаните, народната музика и риболовот одеднаш завршува кога тој и неговите другари Манфред и Јирген одат во предвремена пензија. Додека овие двајца сè повеќе се препуштат на ништожноста, Шулце преку својот мал радио приемник открива туѓ живот: блузот... Од својата армоника со која досега свирел полка, хоби-музичарот одненадеж почнува да произведува вжештени јужни звуци... Ова е премногу за локалното музичко здружение. Поставен пред изборот да се врати на стариот ритам или да заврши како осамен чудак, Шулце донесува одлука која го води до длабоките мочуришта на Луизијана...