Блокада (кошарка)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Блокада на Оскар Торес (13)

Блокада или блокиран шут — во кошарката кога одбранбен играч запира противнички играч во моментот на шут без да направи прекршок. Одбранбениот играч не смее да ја допре раката или да го спречи на недозволен начин противничкиот играч бидејќи тоа може да значи дека е направен фаул. За да биде вистинска блокада, мора да се изведе додека топката е во нагорна патека кон кошот. Ако топката е веќе на надолна патека, а дефанзивецот направи блокада, судиите ќе досудат и како да влегла во кошот. Други имиња за блокадата се „банана“ и „блокиран шут“.

Најчесто центрите и крилните центри прават блокади, некои поради нивната висина, а некои поради нивната позиција во рекетот. Иако во кошарката има исклучоци, на пр. Џош Смит играл на позиција ниско крило и е еден од најдобрите блокатори во НБА. Ваквите играчи се многу ценети бидејќи блокирањето не само што ги забавува гледачите, туку и ја зголемува самодовербата на тимот кој направил блокада, додека ја намалува довербата кај противничкиот тим. За да се биде добар блокатор, потребно е многу вежбање, покрај потребната висина и одличниот одраз од подот.