Битката кај Урук била една од решавачките битки со кои кралот Саргон Велики од Акад го покорил Сумер. Единствените податоци за ова битка ги дознаваме од препишан напис во Нипур. Годината на одигрување на битката е приближна, и не се знае со сигурност.[1] Во походот на Сумер, Саргон го нападнал градот Урук и го опустошил. Преживеаните избегале од градот и им се приклучиле кон другите војски од педесетте сумерски покраини под водство на кралот Лугалзагеси од Ума за да му се спротивстават на Саргон. Оваа жестока битка се случила околу 2271 п.н.е., и во неа војските на Лугалзагеси претрпеле тежок пораз.[2] По судирот бил заробен и самиот Лугалзагеси, па доведен во Нипур „со оглавник како на куче“.[3]