Берданка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Берданка

Берданка или бердана е пушка конструирана од американскиот артилериски генерал Хајрем Бердан во 1868 година. Самиот ја усовршил пушката во 1870 година. Била стандардна пушка во руската армија од 1870 до 1891г., кога е заменета со Мосин-Наган пушката. Втората верзија е со усовршен затворач со преклопување нанапред и со чепно вртење.

Берданката имала дострел до 1000 метри и тежела нешто повеќе од 4 килограми. Македонските револуционери биле вооружени со бугарски, руски и српски берданки, набавени од ТМОРО на најразлични начини и испратени во Македонија по познатите канали.[1]

Опеана е во македонските народни песни.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Дамјановски, Ристо (1988). Воените аспекти на Македонското Национално-Ослободително движење 1893-1903. Скопје: УКИМ - Филозофски Факултет. стр. 199–200.