Бекутан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Бекутан за првпат се произведува во 1978 г. Повеќе од три децении, доследноста во одржувањето на врвниот квалит е најсилната гаранција за купувачите која придонесе довербата во овој бренд да се пренесува од генерација на генерација. Сите оние кои користат Becutan од својата најрана возраст, денеска со него ги негуваат и своите деца. Tоа е најцврстиот темел за долгогодишната традиција на брендот.

Досега се продадени повеќе од 100.000.000 производи и се бележи постојан тренд на пораст на продажбите. Лидер во колекцијата е детскиот крем со продадени 40.000.000 парчиња.

Освен во Македонија, каде Becutan колекцијата е апсолутен лидер на пазарот со пазарно учество од над 50% во категоријата производи за нега на детската кожа, Becutan одлично се продава и во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора… И на овие пазари, според обемот на вкупните продажби, Becutan е во самиот врв, меѓу трите најпродавани брендови во својата категорија производи. Речиси 70% од продажбите на колекцијата се остваруваат на извозните пазари.

Доказ за одличната пазарна позиционираност се и меѓународните награди и признанија, доделени од страна на реномирани организации кои го следат потрошувачкиот сегмент на повеќе пазари. Во 2008 г., Becutan е избран за Супербренд на пазарот на Босна и Херцеговина, а во 2009 г. за Супербренд во Македонија и во Хрватска.

Сите производи се клинички и дерматолошки тестерани и развиени во соработка со педијатри и дерматолози. Изработени се од врвни суровини со потврден квалитет кои соодветствува со Европските директиви за квалитетен производ наменет за нега на детската кожа. Производствениот процес е подложен на константна проверка на влезните материјали и готовиот производ, и се одвива во согласност со GMP - стандардите (Good Manifacturing Practice) стандарди на добра производствена практика, највисоки во оваа индустрија.

Награди[уреди | уреди извор]

Во 2008 г., Becutan е избран за Супербренд на пазарот на Босна и Херцеговина, а во 2009 г. за Супербренд во Македонија и во Хрватска

Производи[уреди | уреди извор]

BECUTAN колекцијата содржи: Becutan шампон за деца 200 ml Becutan шампон за деца со камилица 200 ml Becutan пенливо средство за капење 200 ml Becutan пенливо средство за капење со камилица 200 ml Becutan хидратантно млеко за тело 200 ml Becutan масло 200 ml Becutan крем за деца 50 ml , 75 ml ,100 ml, 150 ml. Becutan детскa витаминскa маст 100 ml ,200 ml Becutan заштитен детски крем со цинк оксид 75 ml Becutan пудра за деца 100 g Becutan сапун 90g Becutan сапун со камилица 90g Becutan детска паста за заби со флуор 35g Becutan чај за доенчиња и мали деца Becutan маст со рибино масло 25 ml Becutan влажни марамчиња со камилица 26/1, 72/1 Becutan влажни марамчиња со алое вера 24/1, 64/1 Becutan бебешки пелени Becutan колекција за сончање за деца (крем за сончање СПФ 50 75ml, млеко за сончање СПФ 30 150ml, млеко по сончање 150ml)

Веб страница[уреди | уреди извор]

[1]