Апосемија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Апосемијата е предупредувачка обоеност. Тоа е вид адаптација при која животните кои поседуваат некој ефикасен заштитен механизам воедно имаат тело обоено мошне впечатливо. Силните и впечатлици бои, поточно комбинациите на боите имаат значење на сигнали, кои предупредуваат на присутната опасност од отрови и на други животни опасности за оние животни кои ќе се обидат да ги нападнат апосемично обоените организми.