Апокриф (музички албум)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Апокрив“ (англиски: Apocryph) — музички албум на дуото Добрила Грашеска и Дориан Јовановиќ од 2021 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Албумот содржи седум песни:[1]

  • Аир да не сториш
  • Кирајџиче
  • Ти се армаса
  • Излези, Видо
  • Стојан ми болен легаја
  • ДафНевесто, тенка висока
  • Три години стана

Технички одлики[уреди | уреди извор]

Албумот содржи обработки на македонски народни песни, во аранжман на Грашеска и Јовановиќ. Албумот е снимен во музичкото студио „Профундус“ во август и септември 2020 година. Инженери на звукот се Дориан Јовановиќ и Бојан Угриновски, а Јовановиќ ги извршил миксирањето и мастерингот. Дизајнот на албумот е дело на Зоран Цардула. Излегувањето на албумот било делумно помогнато од Министерството за култура.<[1]

Осврт кон делото[уреди | уреди извор]

Според етномузикологот Александра Кузман, музичкиот албум „Апокриф“ е инспириран од две посебни традиционални музички изрази кои, измешани, создаваат нова урбана музичка слика со своја сопствена рамка. Тој е звучна интерпретација која се темели врз емоциите и животните погледи на авторите во однос на традицијата и културното наследство на македонскиот музички регион.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Dobrila & Dorina Duo, Apocryph, SJF Records, 2021.