Апанџали
Изглед
| Акманџали Ακμαντζαλή | |
|---|---|
|
Местоположба во областа | |
| Координати: 41°9′N 22°52′E / 41.150°N 22.867°E | |
| Земја | Грција |
| Област | Централна Македонија |
| Округ | Кукушки |
| Општина | Кукуш |
| Општ. единица | Круша |
| Надм. вис. | 450 м |
| Час. појас | EET (UTC+2) |
| • Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Акманџали или Апанџали (грчки: Ακμαντζαλή, Акманѕали) — поранешно село во Кукушко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Кукуш во областа Централна Македонија, Грција.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓало во денешниот атар на Рамна, во падините на планината Круша, на надморска височина од 450 м.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Во XIX век Акманџали било турско село во Авретхисарската (Кукушка) каза на Серскиот Санџак.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Апанџали имало 100 жители Турци.[2]
Во Грција
[уреди | уреди извор]По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Селото се настрадало за време на војните, поради што не е евидентирано во пописот од истата година и понатаму не било обновено.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 70.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 167. ISBN 954430424X.
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||