Прејди на содржината

Анастас Петличков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Анастас Петличков
Роден 1882
Буф, Отоманско Царство
Починал 14 мај 1970(1970-05-14) (возр. 87–88)
Барбертон, САД
Занимање револуционер, општественик

Анастас Димитров Петличков (англиски: Anastas Dimitroff или Dimtroff, Petlichkoff) (Буф, 1882 Барбертон, 14 мај 1970 ) — македонски општественик и револуционер, деец на Внатрешната македоно-одринска револуционерна организација.

Животопис

[уреди | уреди извор]
Петличковъ, Анастасъ (1914). Мъкитѣ и тъгитѣ на Македонеца подъ турскитѣ звѣрства (PDF). Чикаго: Печатница на М. Б. Н. Съюзъ.

Анастас Петличков е роден во 1882 г. во село Буф, Леринско, тогаш во Отоманското Царство, денес во Грција. Станал член на ВМОРО, и учествувал во Илинденското востание. По востанието емигрирал во САД, каде станал активен деец на Македонско-бугарскиот народен сојуз.[б 1] Подоцна се населил во Барбертон, Охајо. Бил сопственик на пекара. Во 1914 г. во Чикаго, Петличков ја издал книгата „Маките и тагите на Македонецот под турските ѕверства“.[2]

Во 1938 г. е назначен за ѓакон на православната црква „Св. Илија“ во Акрон, Охајо. Починал на 14 мај 1970 г.

  1. Интервју со Кит Браун (2008) на Канал 5
  2. „Анастас Д. Петличков“. Библиотека „Струмски“. Посетено на 15 септември 2025.

Забелешки

[уреди | уреди извор]
  1. Во тоа време македонските друштва го користеле двосмислениот поим „Македоно-бугарски“. Треба да се земе во предвид дека поимот не означувало Македонски Бугари односно Бугари по потекло од Македонија, туку Македонци кои биле под врховенство на Бугарската егзархија.[1]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]