Алчност (филм од 1924)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Алчност“ (англиски: Greed) — филм на режисерот Ерих фон Штрохајм (Erich von Stroheim) од 1924 година, заснован врз романот „McTeague“ на Френк Норис (Franck Norris). Филмот, продуциран од младиот и амбициозен Ирвинг Талберг (Irving Thalberg), ги најавил појавата на Метро-Голдвин-Мајер и почетокот на системот на големите студија. Поради инсистирањето на режисерот да снима на скапи локации, филмот го надминал предвидениот буџет и најпосле снимил филм во траење од 9,5 часа, а подоцна Талберг го скратил снимениот материјал, правејќи го погоден за прикажување во јавноста. Оттука, филмот е пример на еден од првите пресметки меѓу авторите и продуцентите, борба во која победиле студијата, сведувајќи ги режисерите на обични вработени. Денес, она што останало од снимениот материјал се смета за ремек-дело на немиот филм, а многу подоцна била направена обновена верзија на „Алчност“ во режија на Рик Шмидлин (Rick Schmidlin).[1]

Свадбената сцена направи иновативно користење на длабок фокус кинематографија, и покрај предизвиците со осветлувањето.

Наводи[уреди | уреди извор]