Алфхилд Там

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ана Алфхилд Там (1876-1959) - шведски лекар и прва жена психијатар во Шведска.

Живот[уреди | уреди извор]

Там дипломирала во Стокхолм во 1895 година, ја стекнала својата медицинска лиценца на институтот Каролинска во 1905 година и добила одобрување за практикување психијатриска дејност од нервната клиника во Серафимераласаретет во 1908 година. Таа била активна во Стокхолм во периодот 1909-1946 година.

Там била ученик на Сигмунд Фројд и припаѓала на групата психијатри кои ја вовеле психоанализата во Шведска. Посебен интерес имала за нарушувањата во говорот.[1] Заедно со Фројд го основала финско-шведското психоаналитичко друштво во 1934 година во Стокхолм, под покровителство на здружението за независна пракса.[2]

Личен живот[уреди | уреди извор]

Таа била во долгогодишна врска со жена.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „skbl.se - Alfhild Tamm“. www.skbl.se. Посетено на 2019-09-11.
  2. Roos, Esa. „FINLAND, AND PSYCHOANALYSIS ESA ROOS President of the Finnish Psycho-Analytical Society Member of the House of Delegates of the IPA“.
  3. „Psychoanalytikerinnen in Skandinavien“. www.psychoanalytikerinnen.de.