Региони во Еритреја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Еритреја е поделена на 6 региони („зоби“). Регионите потоа се делат на подрегиони. До 1996 г. земјата се делела на покраини со културно-историско потекло. Новата делба е според според речните сливови, и се води според стопански и развоен модел.[1]

Секој регион има локално избрано собрание и управник назначен од претседателот.

Регионалните собранија се задолжени за изготвување на буџети за локални проекти и да се занимаваат со претставките на локалкното население. Во програмите спаѓаат активности како културни настани, инфраструктура и пошумување.


Карта на регионите во Еритреја
Региони во Еритреја
Бр. Регион Население Админ. центар ISO
1 Маекел (Централен)

ዞባ ማእከል

1.053.254 Асмара ER-MA
2 Ансеба,

ዞባ ዓንሰባ

893.587 Керен ER-AN
3 Гаш-Барка,

ዞባ ጋሽ ባርካ

1.103.742 Баренту ER-GB
4 Дебуб (Јужен)

ዞባ ደቡብ

1.476.765 Мендафера ER-DU
5 Северен црвеноморски,

ዞባ ሰሜናዊ ቀይሕ ባሕሪ

897.454 Масава ER-SK
6 Јужен црвеноморски,

ዞባ ደቡባዊ ቀይሕ ባሕሪ

398.073 Асеб ER-DK

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Еритреја ќе има 6 административни региони“, Eritrea Profile, 20 мај 1995. (англиски)