Људмила Петрушевскаја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Људмила Стефановна Петрушевскаја (руски: Людмила Стефановна Петрушевская, 1938) - руска писателка.

Биографија[уреди | уреди извор]

Петрушевскаја е родена во Москва, во 1938 година. За време на Втората светска војна имала тешко детство, а некое време престојувала во детскиот дом во Уфа.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Во 1972 година, Петрушевскаја го објавила својот прв расказ „Преку полињата“, а потоа нејзините прозни дела не биле објавувани во следните 10 години. Сепак, нејзините драми („Љубов“, „Колумбина“, „Московскиот хор“) започнале да се прикажуваат во театрите во текот на 1980-тите. Нејзините дела претставуваат еден вид енциклопедија на жената, од младоста до староста: „Доживувањата на Вера“, „Приказна за Клариса“, „Ќерката на Ксенија“, „Кој е одговорен?“, „Мистика“, „Хигиена“ итн. Во 2009 година, во САД била објавена збирката раскази „Си живеела еднаш една жена која сакала да го убие соседското дете“ која списанието „Њујоркер“ ја прогласило за една од десетте најдобри книги во таа година.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 315.
  2. Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 315.