Јужна кула
Јужна кула (шведски: "Söder Torn") е висока зграда и се наоѓа на улица Фатбурштрапан 18, веднаш до Фатбурспаркен на Седермалм во Стокхолм. Зградата има висина од околу 86 метри над земјата, вклучувајќи ја и „круната“ и се состои од 25 ката.[1] Комплексот Јужна кула содржи три дополнителни згради, вклучувајќи ја и онаа што се наоѓа до Медборгарплатсен. Колективно, зградите содржат 172 станови за живеење и 5 бизнис. Самата Јужна кула има 85 апартмани и еден бизнис.[2] Гаражата има паркинг за автомобили и за мотоцикли.[3]
Опис
[уреди | уреди извор]Местото каде што денес се наоѓа Кулата претходно било езеро наречено Фатбурен, кое се формирало поради изостатичко подигнување по последната глацијација.[4] До 1700 -тите, езерото станало многу загадено поради урбаната експанзија, а до 1860 година езерото било пополнето со цел да се создаде железнички двор и железничка станица. Железничкиот двор бил затворен во 1980 година и населбата повторно се претворила во станбена област во периодот 1985-1995 година, во која има голем број згради во пост-модерен стил. Нова железничка станица е изградена под земја во непосредна близина (300 метри) до Јужната кула.
Кулата првично била дизајнирана од данскиот архитект Хенинг Ларсен да има 40 ката. Сепак, Ларсен го напуштил проектот во знак на протест, откако канцеларијата за градско планирање во Стокхолм го принудила да отстрани 16 ката од планот на зградата.[5] Горниот кат на зградата е забавна соба затворена со стакло и тераса со панорамски поглед на Стокхолм.[6] Има затворен базен и сауна на пониско ниво.[7] Скулптура на фонтана е во основата на кулата,Фонтаната на четирите девојки (La Fontaine aux quatre Nanas) од француско-американскиот уметник Ники де Сен Фал, таа привлекува многу гледачи поради својот стил и локација во непосредна близина на прометната патека помеѓу јужната станица во Стокхолм и плоштадот Медборгарплатсен.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Горниот кат и „круната“
-
Фасадна слика
-
Поглед на прозорците
-
Јужна кула ноќе
-
Фонтаната на четирите девојки
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Brf Söder Torn“. www.sodertorn.com. Посетено на 2021-07-12.
- ↑ Vill du veta mer om Stockholms nästa attraktion (PDF) (шведски). SBC-BO and JM. Архивирано од изворникот (PDF) на 2023-05-20. Посетено на 2021-11-18.
- ↑ „Brf Söder Torn - Garage“. www.sodertorn.com. Архивирано од изворникот на 2021-07-13. Посетено на 2021-07-13.
- ↑ „Södermalm i tid och rum. Stockholm“. sodermalm.one. Посетено на 2021-07-13.
- ↑ „Söder torn“. YIMBY Stockholm (шведски). Посетено на 2021-07-12.
- ↑ „Brf Söder Torn - Topplokal“. www.sodertorn.com. Архивирано од изворникот на 2014-12-19. Посетено на 2021-07-13.
- ↑ „Brf Söder Torn - Pool och bastu“. www.sodertorn.com. Архивирано од изворникот на 2021-07-13. Посетено на 2021-07-13.