Јохана Хеден

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јохана Хеден

Јохана Марија Хеден, родена во Боуал (21 јули 1837 - декември 1912) била шведска бабица, Фелдшер (или берберски хирург), аптекар и бербер. Таа е првата позната лиценцирана жена-фелдшер во Шведска и како таква прва позната формално образована и обучена жена-хирург во Шведска.

Живот[уреди | уреди извор]

Јохана Хеден е родена во сиромашно семејство. Нејзината мајка починала при породување поради неспособна бабица. Нејзиниот татко не и дозволувал да се образува заради нејзиниот пол и и обезбедил позиција на домаќинка во Стокхолм. Нејзиниот работодавец, сепак, го убедил нејзиниот брат да и дозволи да студира.

Хеден се стекнала со лиценца за бабица во 1858 година, по што учела и за аптекар. Во тоа време, Фелдшер и бербер биле титула за хирург кој вршел помалку комплицирани хируршки операции. Јохана Хеден ја дала заклетвата и го полагала испит за хирург- бербер и фелдшер во Сундхецколегиум на 7 август 1863 година,[1] со што и официјално станала првата обучена жена-хирург во Шведска.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Johanna Maria Bowall i Wilhelmina Stålberg: Anteckningar om svenska qvinnor (1864)