Прејди на содржината

Јатаци

Од Википедија — слободната енциклопедија

Јатаци е историски термин со кој се дефинирале луѓето што им помагале на ајдутите да се засолнат или скријат во времето на Османлиското Царство. Тие ги помагале на ајдутите со храна, облека и сè што можело да им користи. Во модерно време овој термин почесто се користи за да се објаснат помагачите на криминалци, најчесто оние кои учествувале во политичкиот живот.

Според народните преднија, ајдутите се состанувале напролет на Ѓурѓовден и започнувале со своите дејствија, а наесен на Митровден се распуштале и се повлекувале од шумите поради надоаѓањето на зимата. Тогаш тие се засолнувале во куќите на своите доверливи луѓе, јатаците.

Јатаците живееле на село и набавувале храна за ајдутите која ја чувале во своите куќи во случај на потера или друга неприлика. Ајдутите пак за возврат им носеле дел од заробената стока. Доколку некој јатак издаде ајдутин, следела тешка освета која најчесто завршувала смртно.