Јанко Колевски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Јанко Стојков Колевски (16 април 1921 во Ивени, Битола — 23 април 1945 во Славонска Пожега, Хрватска) македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис[уреди | уреди извор]

Јанко Колевски бил роден на 16 април 1921 година во селото Ивени кај Битола. По занимање бил земјоделец. Кон НОБ пристапил во септември 1944 година. Учествувал во борбите што ги водел 15ти корпус во Срем и Хрватска. Загинал како водник во Втората македонска бригада во Славонска Пожега на 23 април 1945 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. . Милош Константинов, Тодорка Спанкова (1958). Зборник на паднатите борци во народноослободителната борба од битолската околија. Битола. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)