Прејди на содржината

Пантеизам

Од Википедија — слободната енциклопедија

Пантеизамфилозофско учење според кое Бог е безлична појава исто како и природата. Во раните векови често бил форма позади која се криел филозофскиот материјализам (Џордано Бруно, Спиноза). Пантеисти имало и меѓу старите грчки филозофи - претсократовците (Ксенофан) и неоплатонистите. Во поново време, пантеизмот често е облик под кој одделни мислители настојуваат да задржат барем остатоци од религиозното празноверие.