Праисториска религија
Праисториска религија е општ поим за религиозните верувања и практики на праисториските народи. Во оваа група спаѓаат религиите на луѓето од каменото време, но, исто така, и религиите кои се појавиле во номадските и раноселските заедници, чии религиозни содржини не се во облик на пишани„ свети текстови“, туку се пренсени како раскажувачки митови. раноселските заедници, за кои денес се опстанати само непишани извори. Таму, познавањето во врска со настанокот на светот, како и одговорите на големите прашања за смртта и животот, се проткаени во приказни полни со фантазија.
Поконкретно, праисториската религија ги опфаќа: палеолитската, мезолитската, неолитската и религијата од бронзеното доба.
Содржина |
[уреди] Палеолитска религија
[уреди] Погребување
Намерен погреб, особено со гробни добра можеби е еден од најраните забележливи форми на верска пракса затоа што, како што Филип Либерман забележува, може да означува „загриженост за мртвите која го надминува секојдневниот живот.“[1]
[уреди] Обожување на животни
Голем број од археолозите забележуваат дека општествата од Средниот Палеолит како неандерталските општества исто така практикувале најрана форма на тотемизам или обожување на животни. Емил Бехлер особено напоменува (врз основа на археолошки докази од пештери од Средниот Палеолит) дека широко распространетиот средно-палеолитски неандерталски култ на мечката постоел. Дополнителен доказ во прилог на обожувањето животни од Средниот Палеолит потекнува од Ридовите Цодило (70.000 п.н.е.) во африканската пустина Калахари каде една гигантска карпа личи на питон кој е придружен со големи количини на обоени врвови од скршено копје и тајна соба е откриена во внатрешноста на една пештера. Врвовите од скршено копје биле најверојатно принесувани жртви и питонот исто така е важен за и обожуван од современите бушмански ловци-собирачи, кои се потомци на луѓето кои го измислиле ритуалот на Цодило Хилс и можеби го имаат наследено обожувањето на питонот од своите далечни предци од Средниот Палеолит. Дефинитивни докази за постоењето на култови од овој тип одрекуваат и самите откривачи на напомнатата карпа. [2][3] Животинските култови во следниот Горен Палеолитски период, како што е култот мечката, можеби имаат корени во овие хипотетички животински култови од Средниот Палеолит.[4]
Обожувањето животни во текот на Доцниот Палеолит бил испреплетен со ловџиски обреди.[4] На пример, археолошките докази од уметноста и мечкините остатоци откриваат дека култот на мечката очигледно имал еден вид на мечкин жртвен церемонијализам во која мечката била гаѓана со стрели, а потоа била довршена со истрел во белите дробови и ритуално погребана во близина на глинена статуа на мечка покриена со мечкино крзно, со черепот и телото на закопани одделно.[4]
[уреди] Неолитска религија
Нема преживеани текстуални извори од ерата на неолитот, најновите достапни датираат од бронзеното време, а со тоа и сите изјави за било кои системи на верување што неолитските општества можеби ги поседувале се увидени од археологијата.
Археологот Марија Гимбутас верува во постоење на „женски-центрирано“ општество опколено со обожување на божица низ праисторијата (палеолитска и неолитска Европа) и античките цивилизации, со користење на терминот матристично „излагање на влијание или доминација од страна на фигурата мајка“.
Сепак, овие ставови се ставени под знак прашање од страна на поголемиот дел од научната заедница. Археологот Сара М. Нелсон ја критикува Гимбутас укажувајќи на тоа дека таа ги користи истите техники кои се користеле во минатото за да се омаловажуваат жените, но во овој случај за да се величаат и цитира друг археолог, Памела Расел, велејќи: „Археолошките докази, во некои случаи, се искривени доволно за да се предизвика внимателен праисториски стрес“.[5]
-
Остатоци од Божица на плодноста во Таршиеновите замоци о. 2800 п.н.е.
-
Детаљ од мегалитскиот храм во Мнајдра о. 2800 п.н.е.
[уреди] Бронзено доба
[уреди] Реконструкции
Во раното Бронзено доба, пра-индоевропската религија (и самата реконструирана), како и претпоставените рани семитски богови се хипотетичен продолжеток на разни традиции на доцните неолитски луѓе.
[уреди] Археологија
[уреди] Европа во Бронзеното Доба
-
Златната капа од Авантон, о. 1500-1250 п.н.е.
-
"Огнени кучиња", датираат од 9-ти век п.н.е., најдени со во Цирих, Швајцарија и се чуваат во Швајцарскиот народен музеј.
-
"Тркала-приврзоци", датираат од вториот милениум п.н.е., најдени со во Цирих, Швајцарија и се чуваат во Швајцарскиот народен музеј.
-
Сончевата кочија од Трундхолм, Нордиско Бронзено Доба, о. 1400 п.н.е.
[уреди] Железно доба
- Поврзано: Железно доба.
Иако медитеранските религии од Железното доба, како и религиите од Блискиот Исток, Индија и Кина од овој период се добро проучени, голем дел од Европа, почнувајќи од 700 п.н.е. па до Периодот на Големите преселби, всушност, отпаѓа на предисторискиот период. Одвај малку се знае за не-медитеранските религиски пракси, и најмногу ова знаење е посредно стекнато: преку проучувањето на римската и грчката етнографија.
- Скитска митологија (Херодот)
- Келтски политеизам (Посидониј)
- Палео-балканска митологија
- Германски политеизам (Такит)
- Словенски политеизам (Прокопиј)
- Алтајска митологија (види: Алтајски јазици)
Кога е во прашање религијата на поларните народи (шаманизмот во Сибир, Финската митологија), традиционалните африкански верувања, индијански верувања и тихоокеанските религии, праисторијата таму завршува дури со доаѓањето на раниот модерен период и европскиот колонијализам. Овие традиции за прв пат се забележани или опишани дури во контекст на христијанизацијата.
[уреди] Поврзано
- Обожување на претците
- Антропологија на религијата
- Мајката божица[6]
- Обожување на месечината
- Обожување на сонцето
- Матријархат
[уреди] Белешки
- ↑ „Uniquely Human“. 1991. ISBN 0674921836. http://books.google.com/books?id=3tS2MULo5rYC&pg=PA162&dq=Uniquely+Human+cognitive-linguistic+base&ei=nNUeR9fmBo74pwKwtKnMDg&sig=3UsvgAnE5B-vzb55I6W6OqqhJy4.
- ↑ World's Oldest Ritual Discovered -- Worshipped The Python 70,000 Years Ago, The Research Council of Norway (30 ноември 2006). ScienceDaily. Посетена на 12 јануари 2011.
- ↑ Robbins, Lawrence H.; AlecC. Campbell, George A. Brook, Michael L. Murphy (јуни 2007). „World's Oldest Ritual Site? The "Python Cave" at Tsodilo Hills World Heritage Site, Botswana“. „NYAME AKUMA, the Bulletin of the Society of Africanist Archaeologists“ (67). http://cohesion.rice.edu/CentersAndInst/SAFA/emplibrary/Robbins.pdf. проверено на 12 јануари 2011.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Karl J. Narr. „Prehistoric religion“. „Britannica online encyclopedia 2008“. http://concise.britannica.com/oscar/print?articleId=109434&fullArticle=true&tocId=52333. проверено на 2008-03-28.
- ↑ Nelson, Sarah M (2004). „Gender in archaeology: analyzing power and prestige“. AltaMira Press. стр. 132. ISBN 978-0759104969. http://books.google.com/books?id=46UlbBqCE9AC&pg=PA130&dq=neolithic+religion&hl=en&ei=B-tJTMb6G4__Ocaw2ZgD&sa=X&oi=book_result&ct=result&resnum=1&ved=0CCUQ6AEwAA#v=onepage&q=pamela%20russell&f=false.
- ↑ Christopher L. C. E. Witcombe, "Жените во Каменото доба," во есејот "Вилендорфската Венера".
[уреди] Надворешни врски
- Праисториска религија на MetaReligion.com.
- Праисториска религија на DartfordArchive.org.uk.
|
||||||||||||||||||||