Имунитет
Имунитетот е способност на организмот да дава отпор на болести со идентификација и уништување на туѓи супстанци или организми. Иако сите животни имаат некои имуни можности, малку се знае за имунитетот кај нецицачите. Цицачите се заштитени со различни заштитни механизми, од кои некои се неспецифични (на пример, кожата), а другите се високоспецифични (на пример, одговорот на антителата).
Имун одговор
[уреди | уреди извор]Главните делови на имуниот систем се коскената срж, тимусот, лимфниот систем, тонзилите и слезината. Лимфните јазли, крајниците (тонзилите) и слезината дејствуваат како стапици и ги уништуваат антигените од лимфата, воздухот и крвта, соодветно. Антигените се молекули на кои телото реагира со производство на антитела, високоспецифични белковини познати и како имуноглобулини. Во антигени спаѓаат бактериите и нивните токсини, вирусите, злоќудните клетки, туѓите ткива и слично. Нивното уништување се доостварува со белите крвни клетки (лимфоцитите, гранулоцитите и моноцитите спомнати погоре), кои се произведуваат и постојано се заменуваат од страна на клетките во коскената срцевина. Двата типа на лимфоцити се наречени В- лимфоцити (В-клетки) и Т-кимфоцити (Т-клетки). В-клетките се одговорни за производството на антитела во т.н. "хуморален имунитет".
Моноклоналните антитела се користат за дијагноза на злоќудните тумори, за следење на болеста после терапијата, но се користат и во третман на некои злоќудни болести. Во терапијата се употребуваат самостојно, или се врзани за токсини, радиоизотопи или цитостатици, со цел да се зголеми нивната антитуморска активност. Предноста на терапијата со моноклонални антитела е во нивното селективно дејствување на туморското ткиво и минималната токсичност. Проблеми кои сè уште ја ограничуваат нивната поширока примена се:
- ниската количина на инјектираните антитела кои фактички доспеваат до туморот,
- слабата дифузија на имуноглобулинските молекули низ поголема туморска маса,
- нивно инхибирање од страна на растворливи антигени, кои, врзувајќи се со нив го спречуваат нивното врзување за туморскиот антиген.
Голем проблем е НАМА – фемомонот (human anti-mouse antibodies), односно создавање на антитела против имунизираните глувчешки клетки, од кои се добиваат моноклоналните антитела. Тие антитела ги онеспособуваат инектираните моноклонални антитела. Продукцијата на НАМА е ублажена со произведување на рекомбинирани моноклонални антитела, кои имаат хумани антитела и глувчешки антитела во имуноглобулинот.
Во клиничка употреба, засега најефикасно дејство има Rituximab, моноклонално антитело кое се користи во третманот на не-Хочкин лимфомите од Б-типот. Тој се врзува за антигенот CD20 на мембраната на незрелите или зрелите Б-клетки, како и за клеките на лимфомот.
CD (cluster of differentiation) претставуваат „обележувачи“ т.е. антигенски молекули кои се наоѓаат на површината на лимфоцитите. Rituximab ја активира апоптозата (програмираната смрт на клетките), го спречува размножувањето на злоќудните клетки, и ја згомелува осетливоста на туморските клетки кон цитостатиците.
Кај пациентите со не-Хочкин лимфом, терапијата со Mabthera дава тераписки одговор кај 50% од пациентие, кои биле претходно лекувани со интензивна терапија и кои не дале одговор на истата. При лекување на релапс на болеста, исто така, се постигнува тераписки одговор кај 44 % од пациетите. Терапијата со Mabthera може да се користи истовремено со цитостатската терапија, при што терапискиот одговор е дури 95%.
Несаканите ефекти од терапијата со моноклоналните антитела се: покачена телесна температура, треска, гадење, општа слабост и малаксаност. Овие несакани ефекти се јавуваат на почетокот на терапијата и постепено исчезнуваат.
Моноклоналните антитела може да се врзат со токсини од растително потекло (рицин и други), со бактериски токсини (токсини од corinebacterium diphteriae, pseudomonas aeruginosa), со цитостатици (doxorubicin) или со радиактивни изотопи (радиоактивен јод Ј-131 и радиоактивен итриум Y-90).
Целта на врзувањето на моноклоналното антитело со радиактивен изотоп е да комплексот антитело-изотоп, вRзувајќи се за антиген позитивната туморска клеткa, ги озрачи и соседните антиген - негативни клетки. Засега, изотоп кој најмногу ветува е итриум-90 поради неговите поволни физикални својства. Тој е бета емитер со просечна продорност на зраците од 6 mm.
Имунитетот и животните навики
[уреди | уреди извор]Постојат бројни истражувања дека начинот на живот (исхраната, физичката активност итн.) имаат големо влијание врз имунитетот. Во тој поглед, вообичаените препораки вклучуваат:[1]
- Прошетки на свеж воздух - загадениот воздух може да го намали имунитетот.
- Намалување на стресот - секојдневниот, долготраен стрес предизвикува опаѓање на имунитетот.
- Зголемена сексуална активност - според некои истражувања, луѓето кои имаат сексуални односи барем еднаш или двапати неделно, произведуваат за 30% повеќе имуноглобулин во споредба со другите луѓе.
- Доволно сон - сон од најмалку седум часа дневно обезбедува поголем имунитет.
- Дружење - според некои истражувања, луѓето со цврсти пријателства имаат подобар имунитет од самците.
- Помалку шеќер во исхраната - храната богата со шеќер го зголемува нивото на инсулин, а тој влијае врз хормоните кои се поврзани со имунолошкиот систем.
- Отвореност - луѓето кои не ги искажуваат емоциите имаат помалку активни делови на крвните зрнца кои се задолжени за одбрана на организмот.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ М.А.М., „Навиките ни го чуваат имунитетот“, Здравје, понеделник, 13 февруари 2017, стр. 15.