Градна жлезда
Од Википедија
| Оваа статија не наведува никакви извори или референци. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до доверливи извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Градната жлезда или тимус е непарна ендокрина жлезда кај цицачите и е активна само до половата зрелост. Значи, градната жлезда е развиена само во детската возраст, за да во пубертетот брзо се намали и по потполното созревање атрофира.
Ако со екстракт од градна жлезда се хранат полноглавците, тогаш тие не се преобразуваат во возрасна жаба, туку во возрасни полноглавци. Според тоа, хормонот од градната жлезда го стимулира растењето на младиот организам и го кочи дејството на хормонот од половите жлезди.
Тимусот има значење и во имуно-биолошките преоцеси. Тој создава Хасалови телца кои влегуваат во општиот фонд на одбранбени супстанции. Од тимусот не е издвоен хормон, па затоа многу физиолози сметаат дека тимусот не е жлезда. Инаку, градната жлезда е сместена во горниот дел на градниот кош, помеѓу белодробните крила.