The Pirate Bay

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
The Pirate Bay
Тип Интернет
Вид комерцијална
Oснована 2003
Седиште Стокхолм, Шведска
Опслужувано
подрачје
Целиот свет
Клучни личности Фредрик Неиј, Готфрид Свартхолм и Питер Сунде
Портал thepiratebay.se
На главната страница е објавена екранска снимка од интернет-петицијата за анаката.

The Pirate Bay или „Пиратскиот залив“ е шведски торент тракер започнат во 2003 година од организацијата „Биро за пиратерија“ (шве. Piratbyrån). Во 2004 година тој се отцепил од организацијата и бил воден од Фредрик Неиј (познат како TiAMO) и Готфрид Свартхолм (познат како anakata). Денес „Пиратскиот залив“ е управуван од непрофитна организација регистрирана на Сејшелите. [1]

Историја[уреди]

„Пиратскиот залив“ била основана во 2003 година од организацијата „Биро за пиратерија“. Подоцна нејзиното сопствеништво било неколку пати менувано. Компанијата била обвинета од Motion Picture Association of America за „помагање во овозможувањето на материјал заштитен со авторски права да биде достапен без надоместок“. „Пиратскиот залив“ е добро позната по својот начин на справување со обвинувањата од големите компании кои секогаш се иронични и со голема доза на хумор. [2] Тие имаат отворено и дел на својата веб страна кој ги исмејува обидите и заканите на големите компании да го симнат „заливот“ од интернет мрежата. [3]

Рацијата во 2006[уреди]

На 31 мај 2006 била направена рација од Шведската полиција во координација со FBI во серверските простории на „Пиратскиот залив“ при што сите сервери биле запленети а „Пиратскиот залив“ бил симнат од интернет неколку дена. По рацијата „Пиратскиот залив“ изјавил:[4]

„Само некои статистики... ... еве неколку причини зошто TPB е симнат некогаш - и колку време е потребно да се поправи: 
Tiamo многу се испијанил и скршил нешто: 4 дена
Anakata многу се разболел и нема никој наоколу: 7 дена
Владите на САД и Шведска ја натераа полицијата да ни ги украде серверите: 3 дена“

Хостови[уреди]

„Пиратскиот залив“ е хостиран од компанијата PRQ која е сопствеништво на основачите на „заливот“, Фредрик Неиј и Готфрид Свартхолм.[5]

Технички детали[уреди]

„Пиратскиот залив“ работи на Lighttpd и PHP на предниот дел, базата е MySQL, Sphinx на двата пребарувачки системи, memcached за кеширање SQL прашалници и PHP сесии и Varnish пред lighttpd за кеширање на статички содржини. „Пиратскиот залив“ функционира на 31 посветен сервер, една база на податоци, 2 пребарувачки мотори и 8 БитТорент тракери.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Поврзано[уреди]