Прејди на содржината

Врежови

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Tamaricaceae)
Врежови
Расцветан вреж
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Ред: Каранфиловидни
Семејство: Врежови
Link
Родови

вреж (Tamarix)
мирикарија (Myricaria)
реомирија (Reaumuria)
хололахна (Hololachna)

Врежови (научTamaricaceae) — семејство на цветни растенија со четири рода: вреж или „железно дрво“ (Tamarix), мирикарија (Myricaria), реомирија (Reaumuria) и хололахна (Hololachna). Според современата класификација на APG, семејството спаѓа во редот каранфиловидни (Caryophyllales).

Автохтони се во посувите предели на Европа, Азија и Африка. Многу од нив растат на солена почва (до 15 промили) и трпат алкални услови. Листовите се крлушести, со должина од 1–5 мм и се преклопуваат долж стеблото. Кај некои видови се скоравени со излачена сол.

Во Македонија е застапен родот вреж (Tamarix), и тоа со три вида.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  • Вресови — семејство на поинакви растенија со слично име
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Вреж (Железно дрво)“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]