SketchUp

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
SketchUp
Логотипот на Google SketchUp
SketchUp7 screenshot.png
Екранска снимка на Google Sketchup 7.0 која ги прикажува неговите способности за моделирање
Програмер: Google (претходно @Last Software)
Почетно издание: август, 2000
Најново издание: 7.0 (Windows) / 7.0 (Mac OS X) / 17 ноември 2008
ОС: MS Windows 2000/XP/Vista, Apple Mac OS X (10.4-10.5) (Universal Binary)
Достапни јазици: англиски, француски, германски, италијански, шпански, јапонски
Намена: 3Д компјутерска графика
Лиценца: Бесплатен софтвер/Проприетарен
Мреж. место: www.sketchup.com
Модел на автомобил изработен во SketchUp
Во SketchUp има многу различни 3Д и 2Д извозници за употреба како рендерирање. Овој модел е направен во SketchUp, а потоа рендериран во Kerkythea.

SketchUp (Скечап) е програм за 3Д моделирање наменет за архитекти, градежни инженери, режисери, создатели на игри, и ним сродни професии. Во него има и можност моделите да се вметнат во Google Earth. Програмот е предвиден да биде поинтуитивен, пофлексибилен и полесен за употреба од другите CAD програми за 3Д компјутерски дизајн.[1]

Овој програм се нуди како идејна алатка за развој на графички концепти кој е лесен за употреба, со едноставно окружување (алатки и др.). Добро познат елемент на SketchUp е тн.н 3D Warehouse. Ова е мал пребарувач на модели изработени од други корисници на Sketch Up. Корисниците можат да се користат со нивните сметки на Google (на пр. е-пошта) за да подигаат модели, а потоа да го разгледуваат 3D Warehouse за многубројни компоненти и модели.

Историја[уреди]

SketchUp е осмислен и за прв пат направен од фирмата „@Last Software“ од Болдер, Колорадо, основана во 1999 г. SketchUp за прв пат излегол во август како алатка за создавање на 3Д содржини за општа употреба. Овој програм ја освоил наградата „Избор на заедницата“ (Community Choice Award) при првото учество на саем во 2000 г.[2] Програмот набргу нашол свој пазар, во архитектурата и градежништвото, па бил преработен за да се прилагоди на потребите на професионалците. Клучот за овој успех е едноставноста и брзината на совладување на програмот во споредба со други 3Д алатки.

  • На 14 март, 2006, Google го купува @Last Software,[3] заради вниманието кое програмот го привлекол со неговиот приклучок за Google Earth.
  • На 9 јануари, 2007 излегува SketchUp 6, со неколку нови алатки како и бета верзија на Google SketchUp LayOut. LayOut има неколку 2Д векторски алатки, како и алатаки за распоредување на страници, олеснувајќи им ја работата на професионалците при создавање на презентации кои сега не мораат да користат надворешен програм за правење на презентации.
  • На 9 февруари, 2007 излегува подобрена верзија. Тука се поправени разни бубачки, но во истата нема нови можности.
  • На 17 ноември, 2008 излегува SketchUp 7, со разни подобрувања за полесно користење, иннтегрирање со принадлежниот Component Browser (Пребарувач на компоненти) и на Google 3D Warehouse, LayOut 2, динамички копоненти кои соодветно одговараат на сразмерувањето и обогатените перформанси на Ruby API.

Патенти[уреди]

SketchUp има патент - Патент-САД 6628279 - за „Push/Pull“ технологијата:[4]

"Систем и метод за тридимензионално моделирање: Околина за тридимензионален дизајн и моделирање која им овозможува на корисниците да цртаат скици или периметри на предмети на дводимензионален начин, сличен на оној со молив и хартија, кој им е веќе познат. Дводимензионалните, рамнински страни кои создал корисникот потоа се влечат или туркаат со алатки за уредување во рамките на таа околина, со цел за лесно и интуитивно моделирање на тридимензионални зафатнини и геометрии."

Апликацијата за овој патент е поднесена во ноември, 2000 г, а патентот е доделен во септември, 2003.

Google SketchUp[уреди]

На 27 април, 2006, Google го најавил Google SketchUp, како бесплатна верзија на SketchUp. Ова бесплатна верзија ги нема сите можности како SketchUp Pro (што е со плаќање), но во него има интегрирани алатки за подигање на содржина на Google Earth и Google 3D Warehouse, што е ризница на модели создадени во SketchUp. Во него има нов алатник со можности за прошетка и разгледување на нештата од перспектива на пешак, натписи на моделите, алатка за разгледување, и алатка за создавање на било какви многуаголници.

Бесплатната верзија на Google Sketchup извезува во разни број на 3Д формати како Google Earth .kmz податотеки, додека Pro верзијата поддржува и други податотеки како .3ds, .dae, .dwg, .dxf, .fbx, .obj, .xsi и .wrl формати. Google SketchUp исто така може да снима екрански снимки („скриншоти“) на моделот како .bmp, .png, .jpg, .tif формати, додека Pro верзијата поддржува и .pdf, .eps, .epx, .dwg и .dxf.

Ruby Application Programming Interface (API)[уреди]

Програмскиот јазик Ruby е јазик за скриптирање на програми, за прв пат воведен во SketchUp во верзијата SketchUp 4. Оттогаш, корисниците на SketchUp ја имаат покажано својата креативност со создавасње на стотици корисни алатки со помош на SketchUp Ruby.

Белешки[уреди]

Видете исто така[уреди]

  • Google
  • Kerkythea - Слободен систем за рендерирање
  • Indigo Renderer - фотореалистичен рендератор со вклучена поддршка на Sketchup.

Надворешни врски[уреди]